Лончар-Велкова: Ни недостига култура и едукација за одржлива потрошувачка

You must need to login..!

Опис

Европската правна рамка е во голема мера имплементирана во Македонија. Сепак кога се работи за заштита на животната средина преку потрошувачката на граѓаните, ни треба запознавање со одржливата потрошувачка.

Ова го вели претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ), Марија Лончар-Велкова во „Утрински брифинг“.

„Имаме напреднато во поглед на почитувањето на потрошувачките права. Особено што законот за заштита на потрошувачите е одамна воспоставен. Правата ги знаеме, меѓутоа кога се работи за заштита на животната средина преку нашата потрошувачка, се повеќе и во ЕУ се зборува за тоа, нам сепак ни треба поголема едукација и култура за запознавање со одржливата потрошувачка“, вели таа.

Лончар – Велкова

Коментирајќи ги препораките на ЕУ кои се однесуваат на напредокот на Македонија, Лончар-Велкова коментира дека укажувањата од ЕУ се во фаза на предлог-закон.

„Директивите од ЕУ, околу 12, треба да овозможат целосно имплементирање на европското законодавство овде“, вели таа.

Во однос на заштитата на потрошувачите во областа на здравството, Лончар-Велкова заклучува дека, се уште треба да се унапреди едукацијата и информирањето на корисниците за потеклото на материјалите кои се користат во директен контакт со телото на пациентот.

Организацијата за заштита на потрошувачките права во Македонија, нема можност да санкционира. Тие претежно работат на едукација на граѓаните, каде можат да се обратат доколку правата им се прекршени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 3 =