Лончар: Загрижени сме за најавите за ценовниот шок , бараме вклучување во решавање на проблемот

You must need to login..!

Опис

Најавата за големо поскапување на прехрамбените продукти до крајот на годината го вклучи црвениот аларм. Експертите велат дека поскапувањето е очекувано но ценовниот шок кој што се очекува некаде околу Нова Година најсилно ќе ги погоди сиромашните граѓани.

Климатските промени, недостигот на работна сила, скапиот транспорт и енергенсите се дел од причините на кои се препишува растот на цените и глобално ниво но и кај нас.

Деновиве и владините претставници најавија дека доколку има потреба Владата ќе интервенира со низа механизми за да излезе во пресрет на ситуацијата.

На ваквите најави реагираат и од Организацијата на потрошувачи во Македонија од каде велат дека ќе побараат поддршка и разбирање од Владата и од бизнис секторот.

На оваа тема гостинка во Утрински брифинг беше претседателот на Организацијата на потрошувачи, Д-р Маријана Лончар Велкова.

-Ние сме загрижени за ситуацијата, заради тоа што веќе видовме дека веќе се вклучи ССМ, но и премиерот Заев. Утешителна е неговата изјава, но ние во ваква ситуација кога имаме пораст од 5 до 10% на цените не можеме да останеме во мирување затоа што сме уплашени дека и ова покачување претставува товар за граѓаните, вели Лончар.

-Ние како организација и претставници на потрошувачите во нашата држава мора да бидеме вклучени. Свесни сме дека не можат така лесно да се сопре порастот на цените кога ќе почне светската спирала да се одмотува. Затоа нашиот апел е до бизнис заедницата и Владата да се погрижат за ограничување на цените барем на основните прехранбени производи.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − 4 =