Локвенец: Ќе ги надминеме сите препреки и ќе направиме пруга кон Бугарија и кон Албанија

You must need to login..!

Опис

На четврти јануари започната е тендерската процедура за првите две секции за источното крило од Коридорот 8, тоа е од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка. Отпочната е предквалификационата фаза и во овој момент очекуваме одобрение од банката за да продолжиме во следната фаза во која ги очекуваме понудите на компаниите кои се квалификуваа. Кон овој проблем постапуваме максимално систематски со тоа што се обидуваме да ги пресретнеме и да ги решиме уште пред почетокиот на градбата детектираните проблематични точки кои биле причина за застој на работата, рече денеска во Утрински брифинг диекторот на ЈП Македонски железници-инфраструктира, Хари Локвенец.

-Експропријацијата е еден од проблемите со кој се соочуваат сите инфраструктурни проекти, а друг проблем се археолошките локалитети кои се појавуваат при ископување на трасата. Финансиите овој пат не претставуваат проблем, бидејќи се обезбедни за првите две фази, преку Европската банка за обнова и развој. За третата фаза од Крива Паланка до границата со Бугарија определено е финансирањето од ЕБОР и Европската инвестициона банка. Не станува збор само за буџетски средства туку и за европски грантови кои ги имаме добиено и кои очекуваме да ги добиеме следниот период, нагласи Локвенец.

Тој апелираше до граѓаните да не ја уништуваат сигнализацијата на железничките премини.

-Имаме обезбедено средства за реконструкција на 20 патни премини, основна сигнализација и телекомуникациска опрема, а се работи и на 40 премини на горниот строј на пругата, додава Локвенец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 − 3 =