Локвенец: Железниците сами по себе претставуваат суштински стожерен дел од критичната инфраструктура на секоја држава – имаме јасна оперативна стратегија

You must need to login..!

Опис

Состанокот во Белград беше организиран од Европската транспортна заедница, најверојатно како никогаш до сега присутни беа буквално сите. Присутни беа соодветните министри кои ја покриваат оваа област, моите колеги и меѓународните финансиски институции под покровителство на ЕУ. Сетоа тоа беше одлична можност за размена на идеи и креирање на планови за идно функционирање, изјави во Утрински брифинг генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец.

На самиот состанок беа потпишани два меморандуми. На министерско и на директорско ниво. Најважниот дел е со планираниот буџет за следниот период на ЕУ. Железниците се враќаат на пиедестал. Се враќаат заради повеќе прерогативи поврзани со еколошкиот, најбрзиот транспорт. Железниците сами по себе претставуваат суштински стожерен дел од критичната инфраструктура на секоја држава.

Следниот период најголем дел од буџетските средства на ЕУ ќе бидат наменети за железничка инфраструктура, наспроти претходниот период кога беа наменети за патната, додаде Локвенец.

Македонски железници се неминовност во процесот на поврзување.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × two =