Лозановска: Ни треба нов профил на политички и бизнис лидери – нема веќе гарантирани работни места

You must need to login..!

Опис

Живееме во време каде случувањата на пазарот на трудот се динамични што во историјата ретко имала вакви стации на динамика – промена на работните места, промена на очекувањата од вртаботените и на самите бизниси. И претходно постоеше дигитализација и автоматизација на работните процеси Со тоа се очекуваше одредени работни места да изумрат, а сега со ковидот и работата на далечина уште повеќе е интензивирана потребата да се се градат едни нови човечки капаците кои ќе одговорат на потребите на пазарот на трудот.

-Сега е потребно визионерство од лидерите, работодавачите бидејќи тие имаат сега клучна улога во градењето на овој човечки капитал во општеството. Знаеме дека формалниот образовен ссистем е спор и не породуцира доволно кадри кои се потребни да одговорат на овие потреби. Затоа улогата на квалификување на работна сила е на страна на работодавачите, компаниите, институциите, каде што овие кадри кои ќе излезат од едукативниот систем треба да се вработат и да придонесуваат во општеството.

-Тука би спомнала еден ИСО стандард за човечки ресурси каде се вели дека концептот за работно место за цел живот е надминат концепт и компаниите треба да вложуваат во вработение, а тие самите да вложуваат во себе. Ние како консултанти се соочуваме со многу потреби, пред се приотизирање на тие потреби, а за да дојдеме до приотизирање потребни е визионерство, изјави во Утрински брифинг Христина Лозановска, професионален бизнис тренер и експерт за менаџмент со човечки ресурси.

Целиот разговор со Лозановска погледенете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + 9 =