Логично е Камчев со сите средства да го напаѓа обвинителството – го чека и „Империја“

You must need to login..!

Опис

За волја на вистината некако во изминатиов период фокусот и на новинаррите и на јавноста беше за оние предмети или произлезени од СЈО, а секојдневно низ судските згради стотици предмети се решаваат. Како што знаете еден од првите предмети кој што се продолжи беше „Плацовите на Водно“, изјави во Утрински брифинг, новинарката и одговорен уредник во „Фокус“, Гордана Дувњак.

Мислам дека една од причини поради која обвинителството инсистира Камчев и понатаму да се наоѓа во притвор е поврзаноста со случајот „Империја“, кој што за жал е заглавен веќе три години во истрага, тешко оди со вештачењето и нешто што би довело до тоа да има конкретно обвинение.

Инаку во принцип сум против долгите притвори, кои во никој случај не смеат да бидат казна туку повеќе гаранција за обезбедување. Но има една работа која што не смее да се заборави, Орце Камчев е седум месеци во притвор, но има еден лош „бекграунд“ од пред неколку години. Имено 2005-2006 се водеше истрага потив фирмите на Орце Камчев за даночно затајување и тој во тоа време го снема во Македонија, па откако плати одреден износ за даночно затајување, после 12 часа поминати во притвор беше пуштен на слобода, изјави Дувњак.

Целиот разговор со новинарката Гордана Дувњак погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 3 =