Литовски: Бугарија ќе бара целосна капитулација од Македонија, да се откажеме самите од себе што е невозможно

You must need to login..!

Опис

Отворањето на Клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола ја преокупираше јавноста викендов. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со историчарот Александар Литовски.

-Настанот помина релативно мирно, градот беше полн со полиција. Кај Македонците не поминуваат такви работи. Коментарите низ градот се негативни за тоа што се случи таков настан и што се дозволи да се случи, ја пренесува Литовски атмосферата во Битола.

Стара е тезата да се направи спротивставеност меѓу Ванчо Михајлов и српската пропагандистичка политика. Тоа се провлекува од 19 век, а ние сме ставени во позиција да се изјасниме кон која пропаганда сме наклонети што всушност и не негира. Зошто не би можела да постои македонска позиција?, коментира Литовски.

-Има македонска позиција и македонска национална свест и можеме работите да ги цениме од нашата позиција. Како што Јован Бабунски е експонент на српската политика така Ванчо Михајлов е експонент на бугарската. Ние си имаме доволно наши херои кои можеме да ги слевиме, вели Литовски.

Ликовите што го отворија сегашниот клуб „Ванчо Михајлов“ не се ни нови ни непознати во македонската јавност. Поголем дел од нив се од здружението „Тодор Александров“ кое работеше под покровителство на поранешната власт.

-Тие луѓе се врзани со Бугарија и тоа е поголем проблем. Не е добро да релативизираме и да рече дека не се опасни и дека од нив не може ништо да произлезе. Има политички партии во Македонија кои работат за бугарската кауза и ја имаат поддршката од Софија и тоа е поголем проблем. Нашите безбедносни структури треба повнимателно да си ја работат работата. Бугарија уште во 1997 година излезе со доктрина за спроведување на бугарската кауза во Македонија. Таму јасно стои – крајната цел е обединување на сите Бугари, вели Литовски.

Оваа пропаганда нема да помине кај Македонците, коментира Литовски, но, додава пописот покажува дека иако апсолутната бројка е мала, сепак пописот покажа 100 отсто зголемување на бугарската популација во Македонија.

-Македонија никогаш не застана да се спротивстави на делењето бугарски државјанства во Македонија што ѝ овозмои на Бугарија да се расфрла во Брисел со нив дека им се кршат човекови права на тие луѓе во Македонија, вели Литовски кој додава дека оваа ситуација не треба да се релативизира.

Според Литовски, во Бугарија нема ниту расположение ниту политички сили кои ќе застанат зад отфрлање на ветото против Македонија. Бугарија ќе бара целосна капитулација од Македонија, да се откажеме самите од себе што во сегашните услови е невозможно, вели Литовски за Утрински брфинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

thirteen + 1 =