Лидерот на Демократи, Огненовски дециден: Коалиција со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не доаѓа предвид – подобро огнот да не изгори отколку да дадеме легитимитет на злосторничкиве здруженија

You must need to login..!

Опис

На претстојните локални избори ние ќе настапиме во општините, каде ќе се водиме според квалитетот на луѓето. Ќе има јавен повик, секој чесен граѓанин да ни достави свое резиме и ние да го избереме најдобриот кандидат, изјави во Утрински брифинг Јорго Огненовски, претседател на политичката партија Демократи.

-Главанта цел е да имаме озбилни кандидати, било тоа за градоначланици или листи. Разговараме со многу граѓани, но се уште немаме одлучено во кои општини ќе одиме. Не ни е целта само да настапиме, целта ни е да понудиме квалитет на овие избори, вели Огненовски.

Говорејќи за можните коалиции, Огненовски вели дека сега настапуваат со Работничката партија.

-Ние се бориме против големите политички партии, кои 30 години ја разнебитуваат и уништуваат Македонија. Мора да го избереме својот пат, коалиција не доаѓа предвид со нив. Подобро огнот да не изгори, отколку да дадеме легитимитет на политичките структури, злосторнички здруженија – СДС, ДПМНЕ, ДУИ и нивните сателити, додава Огненовски.

Интегралното интервју со првиот човек на Демократи погледенте го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − one =