Лефков: Имаме нефункционално мнозинство, Собранието не е блокирано, блокирани се акти

You must need to login..!

Опис

Во рамките на државата имаме национален-оперативен план за вацинација. Ако во контекст на ова земем и дека ЕК зборува за вакцинални пасоши, а кај нас вакцините се броени, сметаме дека за да се стави крај на одредени шпекулации, истите податоци за тоа кој се е евакциниран треба да бидат декласифицирани, односно достапни на јавноста. Ако ЕК смета дека овие податоци за тоа кој е вакциниран, а кој не, да бидат внесени во патни исправи кои јавно ќе се користат, сметаме дека е контрапродуктивно да излегуваат шпекулации, однсосно било кој да си дозволи да не го почитува оперативниот план за вакцинација. Сакаме да ги добиеме информациите кој е вакциниран, не е целта да шириме дезинформации, но постојат информации дека функционери и политичари од власта, како и бизнисмени се вакцинирани. Сега за сега имиња нема да спомнам, изјави во Утрински брифинг претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Блокада на Собранието

Ајде да ги провериме фактите. СОбранието не е блокирано. Имаме нефункционално мнозинство. Кога станува збор за блокада, можат да се блокираат одредени закони, кои претставуваат акти. Ние како ВМРО-ДПМНЕ од 297 закони до сега, сме пристапиле кон блокирање на помалку од 8 или 9 закони, што е помалку од 3%. Значи Собранието не е блокирано, блокирани се акти. Петтиот пакет мерки не е блокиран. Имавме јасна понуда – не двајца пратеници, 44 пратеници од цела опозиција ќе застанат и ќе направат мнозинство, фдоколку с енапорави специјална седница посветена на петтиот пакет мерки. Дополнителен факт е што пакетот мерки поминуваат на Влада на 16 февруари, се доставуваат во Собрание на 19, а 11 подоцна на 2 март, мнозинството одржува седница во Собранието за доверба на Заев. Но ајде да не се враќаме назад, ја пропуштиле таа прилика, ние ја даваме оваа можност. Зошто не ја прифаќаат, не знаеме. Промената на деловникот е противуставна, затоа што Уставот предвидува дека Собранието е законодавен дом, кој што ги донесува одлуките со мнозинство од пратениците присутни во Собранието.

Законот за државјанство

Ние како опозиција сметаме дека предлог законот з аизмени за законот за државјанство во овој момент се неприфатливи. И блокадата на одреден правен акт не значи дека ќе биде блокирано целото Собрание. Имаме право на различни ставови и тоа не значи дека овде треба да се префрлла одоговрноста за нефункционалста на Собранието.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 1 =