Леловац: Сè уште срамежливо и малку се зборува за женската перспектива во уметноста кај нас

You must need to login..!

Опис

Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ со две свои продукции од областа на изведувачките уметности ќе учествува на годинашното издание на МОТ.

„Поради ограничувањата кои ги создаде пандемијата, изведувачката програма на „Прво на женско“ ја трансформиравме во платформата за изведувачки уметности, насловена „Испробување феминистички иднини“. Сега ги имаме резултатите и на МОТ се најавени премиерите на соло перформансите на актерката Ангела Стојановска и на танчерката Јована Зајкова, на 3 декември во киното Фросина, и на 7 декември во денсинг салата на МКЦ. Кога ја конципиравме платформата тргневме од нашиот локален контекст и по прашање на женските права, но и во однос на театарот и изведувачките уметности, не беше прашање каков театар ќе се создава, туку тој да биде втемелен во околностите и ресурсите што ги имаме да ги искористиме за нешто ново а не за нешто што веќе се случува во институциите. Она што беше клучно е да организираме и да понудиме еден процес на учење, соработка, процес ослободен од хиерархии и конвенции кои се карактеристични за институционалниот театар каде има втемелени нееднаквости, се обидовме сосоема да го напуштиме и да видиме дали може да работиме на поинаков начин. Понудивме еден простор за независни жени уметници кои не се вработени во некоја институција бидејќи тие се најпогодени од пандемијата“, велиза Утрински брифинг, Кристина Леловац, основачка на фестивалот „Прво па женско“.

Според неа во последните десетина години откако постои овој фестивал, присутноста на прашањата за родовата перспектива е многу поголема. „Но во полето на уметноста и изведувачките уметности не можам да се сетам на многу уметници кои што поаѓаат од родот како своја перспектива во создавањето“, додава Леловац.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − thirteen =