Левица е Титаник, карпа околу вратот на ВМРО ДПМНЕ, а на новата влада да ѝ се даде време да ја врати државата на колосек

You must need to login..!

Опис

Завршија двата партиски конгреси на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. За она што се очекува по промената на лидерот на СДСМ и промената на доктрината на ВМРО ДПМНЕ во денешен Утрински брифинг разговаравме со Петар Богојески и Ѓулистана Марковска.

-Реизборот на лидери на двете доминантни партии поминаа во знак на двете клучни пораки: СДСМ ќе се обединува, а ВМРО ДПМНЕ ќе менува доктрина. Мислам дека СДСМ ја промашија темата. Нема што да се обединуваат оти СДСМ не ги изгуби изборите од своите членови, тие излегоа да гласаат. Напротив, антигруевистите беа незадоволни од Владата на Заев и не излегоа на гласање, вели Петар Богојески.

СДСМ сметаат дека нивниот проблем е обединувањето на партиските членови.

-Мене ме изненади пријатно новиот начин на говор на Христијан Мицкоски кој беше разумен и ненапаѓачки. Што се однесува за СДСМ, не мислам дека не им треба обединување. Разединувања на ВМРО се гласни и јавни, а во СДСМ тивки и свилени. И двајцата лидери треба да си честитаат оти тоа е политичка култура, вели Ѓулистана Марковска.

Богојески вели дека честитањето е најмалку важно. Тој вели дека погледнал дел од новата доктрина на ВМРО ДПМНЕ и е евидентно отворањето на партијата кон Левица. Мислам дека Левица е Титаник, карпа околу вратот на ВМРО ДПМНЕ. Уривањето на владата на Заев не успеа токму поради врзувањето со Левица. Идната влада на ВМРО ДПМНЕ мора да биде без никакви левичарски елементи, а особено не квазилевичарски како Левица, вели Богојески.

-Бришењето на демохристијанството во новата доктрина во ВМРО ДПМНЕ е тренд во Европа и е порака дека партијата е отворена за сите, како што била и досега. Кај нас нема левица и десница туку има популизам кој го има и во левата и во десната страна, вели Марковска.

Таа додава дека треба да им се даде шанса на новоизбраните луѓе од шест месеци да ја вратат државата на колосек, па потоа да се мисли на предвремени избори.

Богојевски коментира дека вчера конечно заврши груевизмот со заминувањето на Зоран Заев од лидерската позиција и во партијата и од владата.

-Влегуваме во нова фаза во која лидерите ја губат позицијата на први луѓе, а ќе се појават нови луѓе и нови партии со нови идеи. Падот на Заев е добра вест, вели Богојески.

Марковска вели дека не е сигурна дека е можно маргинализирање на улогата на лидерите оти клиентелизмот е длабоко вкоренет кај нас.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − 4 =