„Лајка“ – ЈП за геноцид врз животните?

You must need to login..!

Опис

До сега и да немавме ефективни политики за кучињата скитници и начинот на кој што истите треба да се третираат. Вчера во Советот на град Скопје имаше заинтересирани за програмата на новото ЈП „Лајка“ кој што ќе треба да го замени „Вардариште“.

Неодамна при објавувањето на програмата што ќе работи „Лајка“ Драгана Велковска членка на Советот на град Скопје, имаше произнесување при што настана своевиден „хаос“ на социјалните мрежи. Токму Велковска беше гостинка во Утрински брифинг и се осврна на начинот на кое сетоа ова градот го изменаџира.

Да се вика јавност на веќе донесен усвоен пропис на Советот на Град Скопје е неодговорно и е само шминка. Не може да велите дека ја консултирате јавноста за нешто што веќе сте го усвоиле и можеби во иднина ќе го смените, вели Велковска.

Се знае како се консултира јавност и како таа учествува во сето тоа. Ова не беше така, туку беше еден евтин театар како и што се случува во овој мандат. Нема вистински напори да се решат работите. Само се презентираат некои слики, некои привиди дека е нешто сработено, што во суштина не е вистина. Така и ова. Јавноста вчера не само што не беше поканета на веќе усвоен пропис, туку јавноста беше и повикувана да се потпишува и се бараа некави имиеа и презимиња на фб профилот на градот – што за мене беше бизарно.

Се бараше оние кои што сакаат да учествуваат во расправата да се пријават со име и презиме и потоа имаше еден ред на „репресијата“ каде што подоцна граѓаните во редица чекаа да се потпишат на список за да можат да влезат внатре.

Јас кога сум присуствувала на други вакви јавни расправи тоа не се правело, ниту па имало слично барање. Ова е класичен начин на одвраќање на граѓаните и метод на заплашување.

Евтаназија е хумана метода за да се скрати мачењето на животното и тогаш е хумана метода. Овде се зборува за геноцид и се злоупотребува концептот на евтаназија, додаде Велковска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × four =