Лалчевска Серафимовска: „Инструментите на моите Предци“ – Фолклорната култура е човечки израз за да се опише еден начин на живот на едно општество

You must need to login..!

Опис

Преку магијата на народните инструменти, нивниот автентичен звук, се добива можност да се патува во различни предели, во различно време од битисувањето, да се раскажат многу приказни кои говорат за минатото, за сегашноста, а ни овозможуваат и да ја градиме иднината поставувајќи при тоа нови темели за збогатување на културното наследство.

Во таа насока по четврти пат, годинава се организира Фестивалот „Инструментите на моите Предци“ во организација на Детскиот културен центар – Карпош.

Пријавувањето за учество во натпреварувачкиот дел на оваа манифестација заврши вчера.

За деталите во Утрински брифинг разговаравме со директорката на Детски културен центар, Билјана Лалчевска Серафимовска.

-На наше огромно задоволство интересот за оваа манифестација од година во година премногу расте, заради фактот што мерките олабавуваат. Фестивалот ќе се случува во Салон 19 – 19.

-Изненадени сме од учесниците кои што се пријавуваа до вчера и на наше големо задоволство има голем интерес во различни категории и натпреварувачите се со различни инструменти.

-Отворањето на Фестивалот ќе се одржи на 15 април со почеток во 19:30 часот.

-Фолклорната култура е човечки израз за да се опише еден начин на живот на едно општество, бидејќи целта на народната песна е да ги опише човечките искуства, знаењето на духовното и материјалното наследство кое е неизоставен дел од развојот на децата.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × 3 =