Лазаров: Треба да постои консензус – поголем дел од буџетот да оди во капитални инвестиции

You must need to login..!

Опис

Партиите и притаено и јавно соопштуваат што би биле нивните понуди на економски план. Професорот Дарко Лазаров е дел од економскиот тим на Христијан Мицкоски, кој ја подготвува економската програма во макро-економскиот дел.

Понудата се сведува на ниво на лицитација – зголемување на платите и инвестирање на во работни места. Но вчера Мицкоски влезе во новата спирала на понуди – автопат Скопје- Битола. Дали е тоа понуда за реанимација на градежништвото или повторно задолжување за долгорочни изградби на патишта.

– Практиката со лицитација на бројки ја почна СДСМ. За жал тие ветувања не беа остварени, како 55 стапка на економски раст, 30.000 денари просечна плата… Ако се вратиме на економската програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе видиме два сегменти – таргетирање на цели и начин, мерки и политика како да се остварат тие цели. Во политичката економија кога креирате мерки мора да имате цели и таргети. Една од тие цели е стапка на економски раст од 4-5%, пораст на просечна плата…., изјави во Утрински брифинг Лазаров

– Она што треба да го ценат граѓаните е начинот на кој политичките партии ги дизајнираат политиките во оставање на таквите цели и таргети. Во таа насока јас не би рекол дека е лицитирање со одредени бројки, напротив поставување на реални таргети базирани на истражувања и проценки како целата економска програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги даде посакуваните резултати, вели Лазаров.

– Она што јас би сакал да потенцираме е што во Македонија треба да постои консензус по однос на прашањето дека поголем дел од буџетот треба да оди во капитални инвестиции.

За жал структурата на буџетот е нарушена што средствата одат за популистички мерки и непродуктивни трошења, додаде лазаров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 − four =