Лазаров во Скопски агол: Ризикот да се загине во сообраќајна несреќа е 10 пати поголем доколку не ставите сигурносен појас!

You must need to login..!

Опис

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започна со реализација на кампања под мотото „Стави појас“.

Истражувањата и проценките покажуваат дека помалку од 40% од возачите користат сигурносен појаси. Тој процент е уште помал кога станува збор за сопатници на предното седиште кои користат појаси. Бројот на патници на задното седиште кои користат појас е приближно еднаков на нула. Колку за споредба, стапката на користење сигурносен појас на предните седишта во земјите од Европската Унија е околу 90%, а на задните седишта од 60% до 70% и ЕУ ова го смета за „сериозен проблем“.

Гостин во Скопски агол на Утрински брифинг беше Владимир Лазаров од РСБСП кој истакна дека оваа кампања е продолжение други две кампањи.

Нашите луѓе се уште не сакаат да ставаат појаси

Податоците кажуваат за една негативна појава во сообраќајот, односно се уште мал број на луѓе користат појаси. Сметавме дека е потребна добра кампања за поголема безбедност во сообраќајот“, истакна Лазаров.

Лазаров

Апелирам до сите водачи без оглед дали ќе управуваат со возило на кратки или подолги релации да ставаат појас. Ризикот да се загине во сообраќајна несреќа е 10 пати поголем доколку не ставите сигурносен појас.

Владимир Лазаров

Користењето на појасите е законска обврска како за возачите така и за патниците на предните и задните седишта. Возачите и патниците мора да сватат дека користењето на сигурносниот појас е наменето пред се за нивна лична безбедност и тоа е суштинско за тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди. Законот предвидува казни за возачите и патниците кои не користат појаси, но нема поголема казна од последиците од сообраќајните незгоди во кои учесниците не користеле појас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + eleven =