Лазаров: Бугарските бизнисмени не се дискриминирани во Северна Македонија – од Софија доаѓа капитал за зелена енергија, медиуми, фармакоканабис

You must need to login..!

Опис

Неколку пати имам кажано дека на ниво на сегашната инфраструктурата трговксата размена од 700-800 милиони е многу. Имаме патишта со Бугарија на ниво на 19 век. И не може да очекуваме квантитативен скок во трговската размена доколку не се отворат тие планирани коридори – пред се Коридорот 8 кој не не поврзува само со Бугарија туку и со Црното море, со Русија, со руски газ, азербејџански гас и еден куп други ресуурси кои се ефтини а многу потребни. Железничкиот сообраќај го нема, а се гради со години.

Тука е интерконекторот Струмица-Петрич, брзата железница за извоз на земјоделски производи, така што инфраструктурата е таа која го кочи економскиот развој. Не случајно за време на Берлинскиот прцес се отворија овие теми, изјави во Утрински брифинг, Кирил Лазаров, претседател на македонско-бугарската комора.

Разговорот со Кирил Лазаров, претседател на македонско-бугарската комора погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + 17 =