Лазарова Трајковска: Ветингот не е решение за македонските судови

You must need to login..!

Опис

– Не бев поканета, но беше важно да се направи јавна расправа, да се слушнат мислењата на експертите, на невладините организации, бидејќи за овој Закон (JO) јавноста доби впечаток дека е важен само од аспект кој и како ќе го предлага јавниот обвинител и што со предметите од СЈО а и со обвинителите кои работеа таму.

Тоа е погрешна претстава за еден многу важен Закон, бидејќи јавнообвинителската функција е една од најважните функции во правосудниот систем и Европскиот суд за човекови права укажуваше дека ЈО е слаба алка и му е потребна реформа токму заради потребата од проактивна улога во делот за организиран криминал, корупција…


Трајковска: Начинот на избирање на првиот човек на обвинителството партиите си го земаа под свое

Ова е Закон каде што се утврдуваат надлежностите, составот, начинот на избирање на Јавното обвинителство (ЈО). Ова е Законот кој што треба да даде одговор на прашањата во однос на организациската поставеност на ЈО.

Според мене Законот можеше да понуди и многу повеќе. Ако го анализирате и законот од 2007 ќе видите дека е работен по европски стандарди и решенијата кои што ги нуди не се лоши.

Венецијанска комисија даде мислење за законот и таму идејата јавниот обвинител да се именува преку постапка која ќе помине преку Советот на обвинители на предлог на Владата ги обединуваше сегментот на стручната јавност, Владата и Собранието. Но, во пракса се покажа дека овој начин на избирање на првиот човек на обвинителството партиите си го земаа под свое па секогаш кога ќе излезеа со некој обвинител којј што ги поминал партиските филтри, во јавноста перцепцијата беше веќе изградена.

Концептот треба да води кон тоа да се сочува самостојноста на ЈО, да му се даде простор на најстручниот меѓу најстручните да ја води таа организација.

Мирјана Лазарова – Трајковска

Мирјана Лазарова – Трајковска во Утрински брифинг

Јас не знам дали ова што се зборуваше на јавната расправа ќе биде отсликано во предлогот. Многу е важно да се види која ќе биде финалната верзија на она што ќе излезе пред Собрание.

Добро ќе беше да се прати овој Закон повторно пред Венецијанска комисија, затоа што експертите кои што работеа на Законот за ЈО, беа и составен дел од групата на Прибе. Но ние секогаш во некаков теснец ги работиме законите и после повторно одиме со измени и дополнувања.

Важно е на ЈО да му се даде позиција во правосудниот систем како што заслужува, за да може да ги врши надлежностите утврдени со Законот за кривична постапка. Ова е ставот на поранешната судијка Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова – Трајковска околу правосудниот систем, состојбите со правото и правдата во Македонија, и новиот предлог Закон за ЈО.

Ние со години наназад гледаме дека неказнивоста е главната филозофија кога станува збор форми на криминал поврзани со политиката

Околу случаите што ги водеше СЈО и правењето напори да се стопираат одложат, Трајковска вели:

Се почна од СЈО и обидот тие предмети да се насочат кон некаква друга завршница. Ние со години наназад гледаме дека неказнивоста е главната филозофија кога станува збор форми на криминал поврзани со политиката. Тие предмети треба да се завршат со процесниот закон за кривична постапка. Но на добар дел од прашањата одговор треба да даде судот во своите пресуди и одлуки. Не смеат да останат овие прашања неодговорени.

Трајковска: Многу е важно да се види која ќе биде финалната верзија на она што ќе излезе пред Собрание

Судиите се замолчани. Не се активни и не учествуваат во реформите. Со месеци се зборуваше за ветинг, а ние не слушнавме мислење од судството. Реформи се прават од ’91 па наваму. Тоа е голем проблем. Говори за немање доволно независност и самостојност.

И во пресуди на Европски суд за човекови права ние посочуваме дека во македонското судство главниот проблем е недостатокот на независност. Ние можевме да видиме дека некои од судиите се јавуваат и како функционери на политичките партии. Се работи за клиентелизам, непотизам, поврзаност со адвокати, обвинители.

Се тоа влијае на перцепцијата на судството. Но генерално Судството во Македонија и не е така лошо. Тоа го кажува и Прибе во своите два извештаи. Но недостасува ликот на судството.

Ние имаме Врховен суд без претседател, со вршител на должност. Но погледнете ги судовите во Полска, во Унгарија. Претседателот на Врховниот суд на Унгарија излезе и учествуваше во реформите. Ги критикуваше истите. На крајот беше жртва на неговиот јавен настап во делот на реформите.

Мирјана лазарова – Трајковска
Трајковска: Во македонското судство главниот проблем е недостатокот на независност

Погледнете ја претседателката на Врховниот суд во Обединетото Кралство. Во декември во Британија излегоа со концепт дека судиите треба да се бираат како оние во САД. Но таму првиот човек на Врховниот суд излезе и учествуваше во дебатите.

Ние немаме учество на судии кои од нивна перцепција би кажале дали нашето судство е корумпирано, дезорганизирано.

Мирјана Лазарова – Трајковска

Кај нас се очекува дека првите луѓе на судството ќе го претставуваат судството. Не можат сите судии да излегуваат на телевизија. Но судиите од високите судови, претседател на Уставен, претседател на Врховен, претседателите на Апелација итн.. треба да бидат линкот со јавноста.

Во изминатите многу години, од ’91 наваму ние правиме реформа на судството. И судиите ’95 поминаа низ еден циклус на реизбор. Лустрацијата ја поминаа и сега слушаме за ветинг.

Во принцип судиите мора да бидат предмет на постојана обсервација на стабилни институции кои што ќе си ја вршат работата. И ветингот ја има таа цел. Ветингот има смисла само на почетокот на избор на судијата. Ние го имавме тој систем во едно друго време.

Трајковска: Судиите од високите судови, претседател на Уставен, претседател на Врховен, претсдателите на Апелација итн.. треба да бидат линкот со јавноста

Пред да биде избран, треба да го помине системот на проверки. Сега таа улога треба да ја има Судскиот совет и со измените на Законот за судови, Судскиот совет сега има поголема надлежност во однос на утврдувањето на квалитетот и нтегритетот на работата. Тие исто така можат и да го проверат истото понатака.

Не е нормално Судскиот совет или ДКСК да ја проверува корупцијата. Ние имаме ЈО, Финансиска полиција, УЈП.

Мирјана Лазарова – Трајковска

Каков систем ќе одбере земјата зависи од многу аспекти. Историско – правните поставености на правосуниот систем, формите на криминал кои што се јавуваат.

Но моето укажување дека ветинг или форми на краткорочно прочистување на судството немаат ефект во праксата. во пракса ефект имаат институции кои трајно и темелно работат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 1 =