Лазаревски: Тозија го отвори патот за македонскиот филм на светските сцени

You must need to login..!

Опис

Вчера го изгубивме еден од најголемите познавачи на филмот и филмската индустрија кој живееше за филмот, Горјан Тозија – Медо.

-Колку и да го сакаме или мразиме ликот и делото на Тозија, пред фактите и боговите молчат. Тој беше прв човек на Вардар филм во времето кога филмот „Пред дождот“ беше продуциран и предложен за Оскар. Истото важи и за „Медена земја“, кој е создаден кога Тозија беше директор на Агенцијата за филм, вели Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм за Утрински брифинг.

Тој вели дека не само кандидатурите за Оскар туку и воопшто во периодот на негова активност е препород на македонскиот филм. Сега има за првпат македонски филм што се емитува на Нетфликс, а станува збор за „Сестри“ на Дина Дума. Македонскиот филм учествуваше и добиваше награди ширум светот. Идејата на Тозија беше македонскиот филм да биде прикажан низ светот и секако дома.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three + fourteen =