Лазаревска: Со измени на Законот за социјална заштита личен асистент ќе може да добијат и деца од 6 годишна возраст

You must need to login..!

Опис

Комисијата за труд и социјална политика денеска расправа за носење н законот за социјална заштита. На расправата се поканети бројни гости и професори но и претставници од невладиниот сектор кои поблиску ја познаваат проблематиката и проблемите на лицата со посебни потреби. Станува збор за само една дополна или измена на законот за социјална заштита во членот 76 каде што се дефинира улогата и кои се лица ја имаат можноста да добиваат лични асистенти.

Измените се однесуваат само на старостанат возраст од 18 до 65 години лица со потешки и најтешки физички попречености меѓутоа и потполно слепите лица имаат можност според законот од 2019 година да имаат право на услуга личен асистент кој што е прилагоден и избран според потребата од нивната попреченост како би им овозможил тие нормално да извршуваат работи каде што имаат потреба од асистенција. Ние сега со новата измена вршиме зголемување на можност и децата од 6 годишна возраст кои всушност веќе се и влезени во образовниот процес да може да бидат корисници на лична асистенција, вели за УБ пратеничката од редовите на СДСМ, Жаклина Лазаревска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven − 6 =