Лазаревска: Пунктот во Момин Поток подготвен за прием на бездомници, помошта од сите страни е добредојдена

You must need to login..!

Опис

Секое годишно време со себе носи убавини карактеристични за себе, па така и зимата, особено што токму овој период изобилува и со голем број празници проследени со семејни прослави, секако тука е и дочекот на Новата година.

Но за некои од нас овој период поради студеното време може да биде и животозагрозувачки. Зборуваме за онаа категорија на граѓани кои се одлучиле по своја или не по своја волја да живеат од ден за ден на улица.

Е токму на оваа категорија граѓани во овој период им е најмногу потребна помош, малку грижа, храна, топла облека, топла напивка за да можат полесно да го пребродат овој период од годината, а и на некој начин барем малку да ја почувствуваат топлината од нечија грижа.

Помошта од секаде е добредојдена, а секако тука се и луѓето од Црвениот крст кои несебично се вложуваат барем малку да им помогнат полесно да презимат, а за таа намена веќе е подготвен и пунктот за прием на Црвениот крст во Момин Поток.

За активностите таму во Утрински брифинг разговаравме со координаторот Драгана Лазаревска.

-Пунктот за бездомници е едно уникатно место при Црвениот крст во Момин поток кој е отворен 2008 година и веќе 13 години успешно во континуитет ја дава потребната помош на една од најзагрозените категории на лица – бездомниците. Мисијата на Црвениот крст е нивна успешна реинтеграција и ресоцијализација во здравите општествени текови.

-Пунктот за бездомници про Црвениот крст е еднинственото место од овој тип во Скопје, кој на неделна основа услужува вкупно од 150 до 160 бездомни лица во двата дена кога се реализира и стручно-советодавна работа, каде што на дневна основа ги добиваат сите оние сервисни услуги во овој пункт.

-Постои една палета на сервисни услуги кои ги добиваат бездомниците, тоа значи дека нечистите, валкани алишта можат да го донесат на перење и да добијат чисти.

-Следи добивање на топол оброк и топли напитоци, третман против шугавост и вошливост. Постои и доктор кој ги прегледува. Постои и социјален работник и психолог, каде што се вади целосна потребна лична документација.

-Можам да кажам дека во изминатиот месец започнавме со сите подготовки за зимскиот период, па во таа насока имаме привремено прифатилиште, каде при екстремно ниски температури се згриужуваат бездомниците.

-Постојат и дежурни мобилни тимови, вели Лазаревска.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

6 + 9 =