Лазаревска: Влогот во науката е инвестиција во иднината

You must need to login..!

Опис

Синоќа пратениците го продолжија времетраењето на прогласените кризи – енергетска, ковид и мигрантската, а денес продолжува со расправа по Буџетот за 2022 година. Опозивцијата е незадоволна оти смета дека не се прифатени доволен број нејзини амандмани.

Паралелно во Собранието работи Комисијата за труд и социјална политика на Законот за недела неработен ден. Работодавачите реагираат дека ќе имаат поголеми трошоци кои може да доведат до отпуштање на работници.

-Законот не е донесен туку така туку во консултација со работодавачите. Нема да генерира отпуштање, а бенефитите ќе ги користат 92 отсто од вработените, додека за оние кои работат во дејности во кои е суштински работењето во недела е уредено бенефит да имаат и работниците и државата, вели пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ.

Во врска со буџетот таа вели дека има 1,1 милијарда повеќе за подобрување на студентскиот стандард на студенти во сите категории. Освен тоа издвоени се средства за изградба и реконструкции на училишта и спортски сали, како и зголемување на средства за енергетска ефикасност на студентските домови. Во сферата на науката се предвидени 400 милиони денари за зголемување на инвестиции во науката и истражувањата.
Може ли едно општество за сите да ја победи со реал-политиката?

-Можеше да проба. Кога веќе илјадници Албанци дадоа глас за СДСМ. СДСМ требаше да дејствува што ќе влијаеше на ВМРО ДПМНЕ. Ќе се намалеше национализмот. Но, национализмот носи гласови и министерски места, вели Атанасов.

Тој коментира дека Зоран Заев имаше катастрофално лоша кадровска политика во партијата која не ја спроведе добрата агенда со која Заев ги здоби симпатиите на сите. Атанасов вели дека очекува Ковачевски да биде следниот лидер на СДСМ и иден премиер оти ја има поддршката на врвот на партијата, сеедно што се оди на општи партиски избори.

-Луѓето во СДСМ не се променија. Останаа истите луѓе. Постојано се кажуваат истите реченици и не остава надеж дека нешто ќе се промени. Демагошките говори повеќе не поминуваат, вели Атанасов.

Спасот на Македонија е трета политичка сила која ќе прерасне во политичка партија што ќе понуди реални промени веднаш по доаѓањето на власт. Ниедна партија досега не успеа да стане трета, вели Атанасов и додава дека тој работи на таа нова политичка сила која ќе работи во интерес на граѓаните.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 + twenty =