Лазаревик: Се спремивме за спринт, а не за маратон – најголема грешка на оваа влада е неуспехот со вакцините

You must need to login..!

Опис

Ако дадеме генарална оценка, ова што ние од надвор го гледаме ќе речеме дека не изгледа убаво. Но веројатно кога би го расчениле по различни компоненти целиот проблем со короната ќе најдеме светли точки во Македонија, кои укажуват на тоа дека многу работи се добро направени, но ќе најдеме и многу темни точки како што е ндеостатокот вакцина, кој што на некој начин ги товари граѓаните со проблеми и со ризик од покомплицирани случаи. Гледаме дека расте бројот на случи, комполексноста на вирусот кој континуирано мутира насекаде во светот дава тешка клиничка слика и единствениот лек покрај превентивните мерки се вакцините. Во секој случај целава ситуација оддава впечаток дека неспремни ја дочекавме пандемијата, како и поголмиот дел од светот. Не можеме да се ставиме во ситуација дека сме најлоши, но кога ќе се погледанат бројките на смртноста кои ги имаме регистрирано во однос на 2019 во однос на 2020, тогаш сме во застрашувачка сотојба. Доволно е да се погледнат официјалните податоци од ДЗС и ќе видите дека општата смртност на населението е драматично зголемена или во во апсолутни бројки е згголемена за 5.000 луѓе, изјави во Утрински брифинг Владимир Лазаревик, водечки здравствен економист.

Многу голем дел од тие граѓани не се регистрирани како причина за смрт да е короната. Мислам дека една третина околу 1.500 се регистрирани дека се починати од корона. Кога ова ќе се спореди со други земји Македонија покажува фрапатно лоши резултати. Ние може да навлезем во анализа што се е причината за тоа. Еден дел може да е корона, еден дел може да биде затоа што пациентите не добиле здравствена грижа како колатерална штета од корона, вели Лазаревик.

Уште кога почна короната многу се залагав дека треба да се фокусираме на економските компонети, дека треба да го гледаме целиот пристам кон оваа болест не само од здравствена точка, туку треба да се гледа многу економската, социјалната перспектива. Кај нас тоа не беше случај од самиот почеток. Ние практично се спремивме за спринт како и поголемиот број на земји, а не за маратон. Ние го следевме тоа што го прават и другите земји, па понекогаш сакавме д абидеме и поостри. Сето тоа дава свои негативни последици во економскиот дел. Но Македонија не е изолиран остров, врзани сме со другите земји. Она што го првеа другите земји го прававме и ние и не можа,м да кажам дека тука нешто сме згрешиле. За нас поважно е што ќе направиме од сега понатаму. Најголема грешка на оваа влада е неуспехот со вакцините. За мене тоа е фрапантно голема грешка, смета Лазаревик.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + fourteen =