Куцуловски: Ќе треба да се навикнеме да плаќаме повисоки цени на енергенсите

You must need to login..!

Опис

Падот на берзите почна од почетокот на годината уште пред украинската криза по најавите за кревање на каматните стапки како борба против пандемијата од корона вирусот. Гледаме силен раст кај златото и нафтата што е многу нормално во еден ваков нестабилен период.

-Можеме да очекуваме дека Руската федерација ќе се обиде да ја крене цената на енергенсите. Колку ќе успее во тоа не се знае бидејќи тоа не се движи праволинисти бидејќи зависи и од другата страна.Очекувам да имаме поскапи енергенси но сметам дека ќе имаме и пад на цените.

-Гледано од моја страна буквално единствена друга алтернатива е ураниумот, но кон тоа апсолутно нема да се вратиме и мислам дека ќе се навикнеме да плаќаме повисоки цени на енергенси. Во делот на корекцијата на каматите тоа значи дефлатирање на цените.

-Сите санкции што се воведуваат моментално не би можеле да предизвикаат голема штета, бидејќи одлуката на руските банки да ја покачат каматата на 9 отсто очигледно се насочуваат кон она што е нивна главна економска предност и мислам дека нема да се предизвикаат големи штети, вели за Утрински брифинг Кирил Куцулоски, финансиски инвеститор.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fifteen − fifteen =