Кусиникова: Во Македонија нема процесирани случаи каде што непрофитни организации биле користени како инструмент за финансирање тероризам

You must need to login..!

Опис

На глобално ниво темата стана актуелна по нападите од 11 септември во САД. Тогаш се дојде информации дека овие напади биле финансирани од непрофитни организации. Нивото тогаш се подигна и сите непрофитни организации беа идентификувани како ранливи.

Меѓувреме меѓународните тела ги променија меѓународните стандарди. Се вршеше притисок врз контрола на работењето на непрофитните организации… Сега државите имаат обврска да ги идентификуваат ризиците и активностите да ги насочат пропорционално врз ограничувањето на овие организации.

Затоа многу важно е да се поставува баланс меѓу заштитата на националната безбедност но и слободата на граѓаните да се здружуваат во непрофитните организации.

Во нашата држава нема процесирани случаи каде непрофитни организации биле користени како инструмент за финансирање тероризам.

Ризикот на изложеност на влијание врз непрофитните организации од страна на терористички организации кај нас е низок до среден. Мал е бројот на сомнителни трансакции. Ние сакаме да ја зајакнеме отпорноста на непрофитните организации од било какви влијанија.

Непрофитните организации по закон се обврзани да ги објавуваат трансакциските трансфери и финансирањето на своите активности, вели за Утрински брифинг Никица Куциникова, извршен директор на „Конект“.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one + 17 =