Куртовски: ВМРО-ДПМНЕ се исплаши од пораз и избега од дуел во Маврово Ростуше

You must need to login..!

Опис

Се откажуваат вонредните локални избори во втор круг што требаше да се одржат затоа што ниеден од двајцата кандидати не победи, а цензусот не беше исполнет во Општина Маврово-Ростуше.

За тоа како ќе се управува општината која нема потврден градоначалник по неуспехот да се постигне цензус во Утрински брифинг разговаравме со Медат Куртовски, актуелниот градоначалник на Општина Маврово-Ростуше кој продолжи да ја извршува функцијата градоначалник како назначен владин повереник а сѐ до распишување на нови избори.

-На претходните избори ни недостасуваа 150 гласови за да имаме цензус и ако ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата излезеа на изборите сега немаше да бидеме во оваа ситуација, вели Куртовски.

Цензусот го прават нашинците кои работат во странство, главно во Италија, но поради ковид-кризата поголем број од нив решија да не се вратат поради карантините и можноста да го загубат работното место.

-Ние, како месно население, сме против припојување на нашата општина кон друга општина. Кога бевме дел од Општина Гостивар знаеме колку ни беше тешко да ги организираме и спроведеме работите во Маврово-Ростуше, вели Куртовски за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

four × 4 =