Курти седнува на жешкото столче

You must need to login..!

Опис

4,5 месеци после вонредните избори двете партии Самоопределување на Албин Курти и Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа целиот овој период не можеа да се договорат за местата и коалцијата.

Конечно тоа се случи. Анализата со новинарите Дејан Андоновиќ како и интервјуата на Насер Селмани со едни од клучните фигури во ова општество погледнете ги во видеото.

Интервју со Шкелзен Малиќи. Публист и аналитичар

Нема друга нормална алтернатива освен да се формира валда… Друга алтернатива е да се повторат изборите… Не веруам дека тоа може да даде зодоволителен резултат…

Во прашње е политичка игра и доцнење… Мислам дека и самиот Аљбин Курти доста воздржано ја презема власта затоа што следат процеси кои можат да му наштетат или се плаши…

Верувате дека има одредена воздржаност од Самоопределување на Абин Курти?

Во некоја рака има воздржаност и од Самоопределување затоа што ќе следат чувствителни процеси, продолжување на дијалогот, инсистирањето на САД ова прашање да се реши што е можно побрзо… Тоа подразбира некаков притисок, наметнување… Ја свати сега реалноста и не само тоа, сега почнува да работи и Специјалниот суд… Има и други процеси, војната против корупцијата, не верува дека тој со слаба политичка моќ што ја има ќе може да ги оствари брзо ветувањата…

Бараа избори, избори, сега изборите ги добија ама сега не можат да изнајдат заеднички јазик во овој момент како да се формира владата… Бидејќи немаат друга алтернатива верувам дека тие можеби до крајниот рок ќе ја формират владата… Има шанси новиот претсеател на Собрание да се повлече, да даде оставка или ќе направат некаква рокада… Последната понуда е ДКС да го има претстедателот на Собрание за една и пол година. Ова се додека не се избере претседателот на државата… Тоа се игри за позиции и за меѓусебна контрола…

Дијалог со Србија:

Не се знае што значи понудата на Самоопределување на Курти за реципроцитет во преговорите со Србија… Косово не може да ги презема сите мерки на реципроцитет кон Србија еднакво како што таа ги применува кон нас… Тоа повеќе е поврзано со проблемот на таксата за српските производи… Курти вели дека ќе ја повлече таксата, но ќе воведе реципроцитет… Реципроцитетот во некои области и може да се примени… Ако Србија инсистира возилата од Косово да ги сменат таблите кога влегуваат на нејзина територија, слилна мерка може да воведе и Косово, но во областа на економија и трговијата, не може да има ваков вид на реципроцитет… Тоа во моментот беше флоскула на Курти за да објасни дека е подготвен да ја укине таксата…

Дали може да се наметне решение?

Уште постојат сомневања дека администрацијата на Трамп сака да ни наметне решение, ако не размена на територии, туку нешто слично… Нема клима за ова, но не се знае и никој не располага со јасен инструмент, ни ЕУ, ниту САД како да го изведат тоа… Евентуално само ако е голема понуда, некаков маршалов план, некаква голема економска инвестиција. Затоа и посредникот Гренел, како приоритет ја истакнува економијата… Пример, ако се направи некој договор за начинот како ќе се менаџира во иднина рудникот Трепча…

Може да е, шпекулирам, нешто поголемо. Некаков гео-стратешки пакт помеѓу САД и Русија во смисла да се уредат некои отворени прашања, како што се Украина, Крим и Косово… Во овој аспект можеби може да има некакво решение…

Интервју со Љутфи Хазири, потпретседател на Демократскиот сојуз на Косово

Разговорите за формирање на новата влада на Косово се во завршна фаза… Четврти февруари е краен рок кога Албин Курти, како овластен мандатар од претстедателот треба да постигне договор за коалиција… Ние многу се надеваме дека ќе успееме да ги завршиме разговорите затоа што најголем дел од договорот е финализиран… Но, кај нас се почитува принципот дека ако не сме договорени за целиот пакет, не сме договорени за ништо… Останува да се реши само прашањето на претседателот на Собранието…

Се извинувам, ќе направам една интервенција, кога Самоопределување ви го нудеше претседателот на Собрание, вие го одбивте. Сега сменивте став и инсистирате да ја добиете таа позиција.

Не, тоа беше условен договор, не беше постигнат договор…

Една од двете уставни функции треба да ни припадне нас затоа што како премиер ќе биде Курти од Самоопределување… Затоа инсистираме претседателот на Собранието да ни припадне нас, најмалку за една година во првата година од владеењето, додека не се избере претседателот на државата кој треба да биде од ДКС. Тогаш повторно спикерот ќе го преземе кадар на Самоопределување…

Господинот Коњуфца е почитуван пратеник и ние гласавме за него на 26 јануари. Но исто така е неоддржливо ДСК да не биде претставувана во оваа фаза на договорот затоа што се доведува во прашање изборот на претседателот и за една година се ризикува партнерството… Ние не сме заинтересирани да оставиме зад нас најаснотии до февруари 2021 година… Тоа значи дека ние треба да се надминеме себеси…

Дали постои недоверба меѓу страните?

Секако, ние почнавме да соработуваме последните години како опозиција, но се натпреварувавме оддвоено на изборите. Таа трка не направи големи ривали… Но ова политичко ривалство што го имавме со Самоопределување на Курти може да се претвори во долгорочно и одржливо партнерство, со што ќе обезбеди стабилно, ефикасно и успешно владеење…

Верувам дека Самоопределување треба со прагматизам да го прифати отстапувањето на функцијата на претседателот на Собранието најмалку за една година…

Јас не ги опструирам разговорите… Тоа е само впечаток во јавноста, не е точно… Тимот на ДСК во разговорите е единствен, и Агим Вељиу и Вјољса Османи како потретседател, но и потпретседателот на Собрание, Кујтим Шаља и шефот на пратеничката група Абдула Хоти, го поддржуваме претстедателот на партијата Иса Мустафа во разговорите… Разбирливо е што кај Велиу е присутен тој политички руговизам што го претставува…  Тој негов политички ангажман беше присутен секогаш и во разговорите со другите партии… Тој однос не е само со Самоопределување туку тој е настојчив во претставувањето на интересите на ДКС и постигнувањето на нашите политички интереси…

Дали постои можност меѓународниот фактор да наметне решение за спорот меѓу Србија и Косово?

Не очекувам да има наметнување на договорот, но очекувам нова динамика и нов пристап за постигнување на договор… И ова веќе се случува затоа што амбасаадорот Гренел со неговото посредување успеа да постигне еден технички договор за железниците…

Косово нема ниедна обврска и нема ниту една можност да понуди територија како компензација за признавањето од Србија или да понуди некакво асиметрично уредување како замена на постојното унитарно уредување… Тоа е неприфатливо и ќе претставува боснизација на Косово и дефинитивно нема да наиде на поддршка затоа што тоа не е решение…

Авни Битиќи, портпарол на опозициската Демократска партија на Косово

Демократската партија на Косово два часа после завршувањето на гласањето ја прими пораката на граѓаните, кои дадоа поддршка на други партии да формираат влада…

За ДПК пораката беше јасна дека одиме во опозиција… Тоа се правилата на демократијата и на уставното уредување. Ние ја свативме волјата на граѓаните… ДПК долго време беше на власт и учествуваше во владеењето на Косово и ја прогласи независнста… Изгледа дека граѓаните на Косово и како природна политичка ротација, дадоа доверба на друга политичка платформа во споредба со нашата… Ние ја свативме пораката… Ние ќе бидеме во опозиција затоа што тоа е волјата на граѓаните и сега е време ние да се соочиме со нашите грешки…

Една од причините зошто ги изгубивме изборите е што ние долго време бевме на власт и секако многу сме придонесувале за Косово како држава и за нејзиниот развој… Таа денеска е функционална држава со своја војска и полиција и со многу признавања од светот и тоа несомнено е директен наш придонес… Тоа значи дека Косово за многу кратко време е една од најразвиените земји во регионот, ние имаме највисоки плати во јавниот сектор, имаме оддржлив економски развој… Но сигурно дека имало и грешки за тоа што долго време бевме на власт… Граѓаните проценија дека ние повеќе не треба да бидеме на власт…

Зошто Самоопределување и Демократски сојуз не можат да се договорат за новата влада?

Многу едноставно е затоа што тие се измамници и ја лажеа јавноста… Оваа коалиција ја проектираа повеќе од две години и сега кога ги добија изборите не се случува ништо затоа што беа неискрени едни кон други… Тие не веруваат еден на друг и во суштина немаат идеја што треба да направат по изборите… Се скараа за добивање на разни позиции во власта, тоа е војна за фотелји… Еден многу важен демократски процес го претворија во внатрешна невкусна политичка битка во очите на граѓаните… Тие успеаа да ги разочарат косовските граѓани оти ги кренаа очекувањата за една коалиција, која можеби нема да се формира… Таму има недоверба, има предавство, таму има и лаги и изгледа дека целата ова насобрана негативна енергија прави тие да не се договорат за коалиција…

Ова се политички игри, ДПК кажа јасно, многу јасно, ние ќе бидеме опозиција… Ние нема да бидеме дел од било какви политички калкулации… ДПК во ниту една околност и во ниту една форма не прифаќа да биде дел од разговорите за новата влада и не сме се вмешале во ниту еден начин… Ние кажавме јасно од почеток, ние сме опозиција, рековме сто пати и пак повторуваме дека ние не прифаќаме да бидеме дел од ниту еден формат со оние што сакаат да ја уништат Република Косово и со тие што во тешки времиња го бојкотираа изборот на важни институции на земјата… Ние не можеме да влеземе во коалиција без тие да го променат пристапот кон државата и институциите…

Разговори со Србија:

Со Србија разговараме за признавање или подобро кажано, ДПК се залага со Србија да разговараме само за признавање на Косово… Прашањето за корекција на границите никогаш не беа ставено на маса за разговор…

Претседателот на Косово јавно има зборувано за таа можност?

Одговор: Јас зборувам за официјалната верзија, претседателот на партијата Весељи ракодеше со владината коалиција, која го номинираше Харадинај за премиер, и додека тој беше претседател на Собранието, во ниту една прилика, во ниту еден форум, во ниту една официјална билатерлана средба било со САД или ЕУ, не е разговарано за корекција на границите… Ние ја прогласивме независноста, нашата територија е неоспорна и за нашата сувереност не може да се преговара…

Единствената алтернатива на војната е дијалогот… Ние го избравме дијалогот, војната е завршена и сме прогласиле независност… Сега за нас важно е да ги нормализираме односите со Србија…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × three =