🎥📞 Кумановскиот Центар за култура започнува настани на отворено

You must need to login..!

Опис

Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово вечерва од 20 часот ќе организира концерт на отворено на „Трио џентлмен”, кој ќе биде прв настан на оваа национална установа по петмесечна пауза.

Посетителите мора да носат заштитна маска, а Центарот за култура ќе обезбеди дезинфекција.

„Ги повикуваме кумановци да дојдат и да го проследат овој интересен концерт кој се надеваме ќе биде на задоволство на публиката. На настанот ќе бидат запазени сите протоколи од надлежните институции“, изјави Сашо Тодоровски, директор на установата.

Концертот на „Трио џентлмен” е прв настан со кој кумановскиот центар за култура ја почнува сезоната, а во текот на овој месец ќе организира и претстави на отворено, изложби и уште неколку концерти, вклучувајќи го детското караоке шоу поддржано од Министерството за култура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × one =