Крмов: Не сме ниту Шведска или Норвешка, ние имаме пратеници кои 20 години не доаѓаат на работа, демократскиот процес е дерогиран

You must need to login..!

Опис

Ние се сомневаме, а и јавноста, дека државните институциите работат политички а не стручно, слично како и со Комисијата за заразни болести – кога и одговора на власта ковидот не е страшен, кога и одговора се крева паника. Нашите кривични пријави се по повеќе членови од кривичниот Закон, посебно по член 206 кој е за непочитуање на здравствени прописи во време на епидемија и член 205 став 4, пренесување на заразна болест во обид. Тој фамозен Протокол е објавен, јас реагирав, и го побарав Протоколот. Но дури и тој Протокол да бил испочитуван, се работи за Протокол кој што е подзаконски акт под кривичниот Законик. Значи имате Устав, закони и подзаконски акт. Значи едното не смее да доаѓа во конфликт со другото, а кога би дошло преовладува тоа што е погоре – законите се пред подзаконските акти. Значи има два проблеми – од една страна 100% е прекршен законот, а од друга стран прекршен е и Протоколот – затоа што таму се однесува на суспектни лица, се вели и дека пратеникот чека во возилото додека сите пратеници не се во големата сала и кога сите пратеници се во салата, на суспектниот, а не на болниот пратеник му се дава сигнал се качува во кабината и може да гласа. Во случајот со колешката Бисера – таа во возилото беше во 12:17, седницата почна нешто после 14 часот. Јас бев таму во 13:40, а таа веќе беше пристигната, што значи дека и Протоколот е прекршен, изјави во Утрински брифинг Борислав Крмов, пратеник од Левица.

Ние сметаме дека демократскиот процес е дерогиран, а со носење на деловник кој што предвидува онлајн гласање ќе беше уште повеќе. Не сме ние Шведска или Норвешка, ние имаме пратеници кои 20 години не доаѓаат на работа. Со онлајн Собрание сметаме дека демократскиот процес ќе беше уште повеќе дерогиран. Имаше и предлози да не биде со лице прикажан, туку само со аудио. Кој ќе гарантеираше дека некој друг не галса во име на пратеникот, вели Крмов.

Околу петиот пакет мерки – таа фама која што се уште се прави во јавноста, во Собранискиот запсиник стои дека 115 пратеници го гласаа. Ако навистина вас приоритет ви е петиот пакет мерки се наоѓа на 36 седница, зошто Џафери ја стави претходно 32-та, прашува Крмов.

Нашите Закони и Декларации завршуваат во фиока. На пример Декларацијата на Левица птоив национал-шовинистичките претензии на Република Бугарија, таа е поднесена во октомври. По Деловник таа Декларација треба да се третира како закон пуштен во скратена постапка, што значи 15 до 20 дена требаше да се најде на седница, што значи намерно е ставен во фиока. Да го земеме и Законот за ограничување на цените на приватните болници во ковид пандемија. Ние го поднесовме пред владата, што значи нашиот Закон во најдобар случај ги има поминато собраниските процедури. По редослед на нештата прво нашиот Закон требаше да се најде на дневен ред, а дури потоа на владата. Јас сум оневозможен, најбитната моја рабода, законодавна, да ја ршам. Максимум што можам да направам е да свикам прес конференција и да ви го претставам документот, после тоа тој завршува во фиока.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen + eight =