Кристина Леловац: На факултетите не се учи за родовите перспективи, фестивалот „Прво па женско“ нуди шанса за младите невработени авторки

You must need to login..!

Опис

Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ започнува со развивање продукција во полето на изведувачките уметности. Програмата на овогодинешното, фестивалско издание е трансформирана во платформата за изведувачки уметности, симболично насловена „Испробување феминистички иднини“. Фестивалот го организира здружението „Тиииит! Инк“.Во рамки на платформата од јуни до крајот на 2021 година, ќе бидат развиени два авторски проекта во полето на современиот танц, перформанс и/или театар на две жени уметници кои работат на локалната независната културна сцена во полето на изведувачките уметности, кои не се вработени, ниту пак имаат редовен хонорарен однос со некоја јавна институција од областа на културата.

„Нашиот предизвик како да осмислиме феминистички фестивал во услови на пандемија, во услови ога фестивалот најмногу соработува со независната културна сцена, која беше погодена од пандемијата на еден специфичен начин, чиишто чинители и чинителки останаа безмалку без никакви приходи. Од друга страна, не видовме дека релевантните институции вистински се занимаваа со ова и чувствуваме одговорност да го намалиме тој силен удар во рамки на тоа со што се занимава фестивалот, а тоа се родовите перспективи во уметноста и културата. Другата причина беше да се адресира и тоа дека во формалното образование од каде што и самата доаѓам не постои доволно родово промислување во уметностите. На формалните уметнички школи тоа не се учи, па врз основа на тоа и не се практикува понатаму на сцената и многу ретко можеме да видиме родови интерпретации во уметностите кај нас.

Оваа платформа ја основавме врз основа на солидарност, заедништво, заедничко учење и поддршка, всушност на она на кое се темели фестивалот. Она што и оваа платформа ќе го отвори е можноста за луѓето што се занимаваат со изведувачките уметности е дека вработувањето во некоја институција не е единствениот пат, туку можноста, се разбира доколку и државата и нејзините културни политики го препознаат тоа, да останат во независната сцена, тука да се развиваат и да бидат активни чинители во општеството од својата позиција“, вели за Утрински брифинг, Кристина Леловац, актерка, професор на ФДУ и активиска за женски права.

На прашањето дали на факултетот се разговара за актуелните прашања на сексуално злоупотребување што се отворија во светот, но и во регионот, Леловац вели дека е многу важношто актерките го користат својот глас и присутноста во јавноста за да проговорат за овие пракси во сите сфери на општеството.

„Имаме среќа но и одговорност што нашите студентки знаат за движењето „Metoo“, за „Прво па женско“, за ПичПрич и знаат дека кога се зборува за ова станува збор за насилство и тоа е клучно. И тука да се фокусираме – се работи за насилство, не за некаков „фолклор“ во дадени професии. Студентките и сами ги отвараат овие теми што нас не’ обврзува како педагози да бидеме апсолутно информирани. Уметничките академии во регионот почнуваат да работат на систем на поддршка и превенирање на ваков тип на однесување. Се ревидираше и етичкиот кодекс на УКИМ за кој што ние како Факултет поднесовме предлози и забелешки во областа на спречувањто на сексуално вознемирување и насилство кои што се надевам дека ќе бидат земени предвид“, додава Леловац.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × four =