Кржаловски: Во Македонија има лидерски дефицит – Заев води зошто Мицкоски не расте, но Груевски е сѐ уште присутен во јавноста – паѓа ЕУ ентузијазмот

You must need to login..!

Опис

За мене главно е дека оценката на граѓаните е релитвно лчоша и тоа заради застојот во ЕУ преговорите и блокадата од Бугарија која веќе година дена се влече и нема најава за скро решавање и затоа ентузијазмот кој се појави пред две години со Преспанскиот договор силно спласнува (според резултатите од анкетата на ИРИ) и тоа се рефлектира на падот на рејтингот на владејачките структури особено СДСМ и Заев, но тоа автоматски не значи промоција на опозицијата и сметам дека тоа се должи на тоа што опозицијата премногу „спие на тоа уво“ дека „овие сами ќе паднат“, што е природно да се очекува, но сепак опозицијата треба да понуди нешто, да артикулира ставови по одредени прашања, а не да остава цело време нејасни ситуации, од референдумот навака да нема ставови по битни прашања. Граѓаните очекуваат попрецизни насоки како опозицијата би ја водела државата ако дојдат на власт. За сега смета дека предноста на СДСМ е релативно голема, и иако се работи за релативно големо незадоволство од повеќето градоначалници. Ќе биде интересна комбинацијата на рејтингот на партијата со градоначалниците, изјави во Утрински брифинг Александар Кржаловски, директор на македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

-Мојот прв впечаток нема некој разлика од „Македонија за сите“ од „Едно општество за сите“. Сметам дека тоа оди на концептот кој се потврдува со фудбалската репрезентација на Македонија, дека не може со една етничка заедница да се добијат избори. Мора да се опфатат сите граѓни и претпостаувам дека тоа е промена во политикат на ВМРО-ДПМНЕ. Дали ќе упали, ќе видиме дали ќе стекнат доверба заради претходното искуство. Околу корупцијата, мислам дека сите овие години ВМРО-ДПМНЕ не направи доволна дистанца од тоа што се случуваше претходните 10 години, а ни СДСМ не успеа да докаже дека многу корупција имало, не се најдоа многу од тие милијарди кои што ги збореа, вели Кржаловски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 1 =