Креатарот на „Мој воздух“ контра Шилегов: Не е точно дека загадувањето на воздухот е во нормала

You must need to login..!

Опис

За жал, и волонтерските и државните мерни станици денеска покажуваат дека и денеска имаме зголемено ниво на загадување на воздухот во утринските часови, за што најверојатно придонесуваат автомобилите со кои граѓаните одат на работа, како и загревањето на домовите, рече денеска креаторот на апликацијата „Мој воздух“, Горјан Јовановски.

-Единствено ако си смислиме нова нормала, да важи само за нас, ќе можеме да кажеме дека загадувањето на воздухот е во рамките на нормалата. Нормалата која е поставена од Европската Унија, ние веќе ја надминуваме. Од почетокот на грејната сезона, кога инцидентно во Скопје се појавува загадувањето, сите станици коишто функционираат во Скопје, (има и такви, како Ректорат, коишто се расипани), покажуваат дека воздухот е загаден над дозволеното. На некои места, како на пример Лисиче, загадувањето е двојно зголемено во однос на дозволените вредности од Европската Унија, рече Јовановски.

Тој нагласи дека според бројките кои ги следи од 2014 година, кога е создадена апликацијата, до сега, не гледа подобрување. -Нема подобрување на состојбата со загадувањето, но нема ниту влошување на состојбата. како да се навикнавме на овој степен на загаденост, па се радуваме, ако нема поголемо загадување, како ова да не е доволно големо. Сите кои изјавуваа дека е подобрен квалитетот на воздухот, не ги земаа во предвид метеоролошките промени, врнежите и ветровите кои дадоа придонес во намалувањето на загадувањето.Дополнително, имаше и мерни станици кои подолги периоди не работеа, како таа во Лисиче, што одигра голема улога во намалувањето на просекот на загадувањето. Така, што според тоа што го гледам јас, немаме намалување на загадувањето, туку продолжува како што било и минатите години, нагласи Јовановски. Што се однесува до веродостојностоста на податоците од мерните саници, тој нагласи дека и покрај фактот што не станува збор за професионални мерни станици, сепак може да им се верува.

-Во Македонија има 20 мерни станици, а останатите се волонтерски мерни станици што секој може да ги состави, и да ги постави каде сака. Има разлика помеѓу нив бидејќи волонтерските чинат околу 50 евра, додека државните чинат неколку стотици илјади евра. Но, и волонтерските се доволно добри за да дадат некакви индикативни мерки за тоа дали надвое е загадено или не, секако врз однова на тие податоци не правиме научни истражувања, но добиваме информација. Бидејќи има сомнежи во квалитетот на овие мерни станици, заедно со тим на професори од Универзитетот Гоце Делчев во Штип работиме на истражување каде што ќе видиме колкава е разликата помеѓу резултатите на државните и волонтерските мерни станици, и што можат да направат граѓаните за да добијат уште поточни мерења од нивните домови, објаснува Јовановски.

Креаторот на „Мој воздух“ смислил начин и за хуманитарно делување. Преку членство во апликацијата, за кое се плаќаат 300 денари, овозможуваат помагање на граѓани кои се во тешка економска ситуација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five − four =