Крастев: Бугарија заостанува во регионалната политика – од активен двигател сега е само набљудувач на политичките процеси во регион

You must need to login..!

Опис

Бугарија најверојатно ќе оди на повторни избори. Демократија понекогаш го бара тоа. Трифонов го врати мандатот, неговиот заменик смета дека овој парламент ќе трае не подолго од еден месец, изјави за Утрински брифинг бугарскиот аналитичар Николај Крастев.

Ова време ќе биде искористено за ситуацијата врзана со промена на изборното законодавство. Централната изборна комисија ќе биде променета – ќе има 15 претставници именувани од парламентот и ќе бидат назначени од претседателот на државата. Имаме интересна кохабиутација – дел од овластувањата на Собранието се даваат на претседателот, вели Крастев.

Јас не гледам дека на нови избори би имала драматична разлика. Најмногу промената би била за процент или два. Сите аналитичари во Бугарија говорат дека Слави Трифонов бара поголема поддршка од народот, но прашање е дали ќе ја добие, бидејќи ако еднаш ги изневерите гласачите кога сте имале шанса да направите мнозинство во парламентот, тешко дека повторно ќе ги убедите да гласаат пак за вас, смета Крастев.

Трифонов сака апсолутна власт, но тоа не е можно – имавме само во комунизмот. Во декомратиојата требад а работиш, да се договораш со другите. Математика е таква дека не може партијата на Трифонов и Демократска Бугарија да направат мнозинство, потребни и м се дополнителни гласови од другите партии. Ставот на Трифонов е дека сака Влада која нема да биде зависна, додава Крастев.

Бугарија заостанува во регионалната политика. Од активен двигател сега е веќе само набљудувач на политичките процеси во регионот. Изгубивме во регионалната игра. Ако Бугарија и парламентот сакаа да покажат дека се чинители на политичката стабилност во регионот можеше со една Декларација да излезе дека е против промената на гранциите на Балканот и против словенскиот нон-пејпер. Но тука има и една политичка проценка. Јанез Јанша и Борисов и нивните партии се од едно политичко семејство, кои викаат дека комунистите го измислиле тој нон-пејпер, што не е така.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × three =