Кочоска од П+: Клучно дали ќе имаме „Едно општество еднакво за сите“ е учеството на лицата со хендикеп во носењето на одлуки

You must need to login..!

Опис

Пристапноста различно ја толкуваме и различно го поимаме тоа право на пристапност. Како да ни стане пракса ако слушнеме некој убав збор од надвор (инклузивност), наеднаш да го присвојуваме и зборуваме за инклузивност, без притоа никој помеѓу нас да се разбереме што ние ќе поимаме под терминот инклузивност. Дали акцијата, мерката, мислата што ќе ја покренеме на крајот од денот ќе доведе до нешто. Ефектот е важен, но бидејќи сите различно ги поимаме нештата на крајот ниту имаме пристапност, ниту инклузивност. Правото на пристапност е хоризонтално право – не може да имате достоинствен, независен живот ако немате право на пристапност, изјави во Утрински брифинг Елена Кочоска од Полиоплус.

Проблемот е системски, затоа што на граѓаните со хендикеп не се гледа како на уште една различност во нашето општество, туку се сметаа како посебна група, што и сме, но ние во нашата заедница на лицата хендикеп исто така имаме голем број на различности, етничка, верско убедување. Значи сите различности кои кај заедницата безхендикеп постојат, истите постојат кај нас, не разликува само состојбата со хендикеп. За жал на 3 декември институциите излегуваат со познати декларативни фрази, без да се изнесат конкретни мерки што би направиле и презеле, па макар и се самокритикувале. Поентата на 3 декември е институциите да се вратат и да погледнат длабоко во себе и да видат што направиле, вели Кочоска.

Целиот разговор со Кочоска од Полиоплус погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − three =