🎥 Коцо: Слободното судиско убедување не значи дека судијата може како ќе му текне таква одлука да си донесе – одлуката мора да произлегува од доказите

You must need to login..!

Опис

Ние не сме навикната на вакви брзи процеси (сл. „Рекет“). Во светски рамки тоа не е нешто многу брзо, но за наши услови може да се каже дека постапката беше брза. Се закажуваа многу рочишта, што мене лично ми смета, дали беа неподготвени рочиштата па мораа да се закажуваат 36 претреси. Од тие причини може да се каже дека нема голема ефикасност во пресудувањето. Правдата за да биде права правда и да го достигне она што треба да го добие секој што се нашол во тие судници треба да биде ефикасна, брза и неоптеретувачка. Секој што се нашол во тие судници и не мора да е виновен, изјави во Утрински брифинг судијката Вера Коцо, поранешен врховен судија и член на Институтот за човекови права.

И во изминатиот период, па и во поранешниот систем, често се случуваше обвинителството да биде на друга скала виза ви обвинетиот. Ако е во прашање обвинителство и некоја странка предност се даваше на обвинителството што не треба да е така. Во денешни услови тоа треба уште повеќе да се искристализира во смисла на доведување на една рамна линија на обвинителот и обвинетиот. За обвинетиот се уште не знаеме како ќе заврши постапката – дали ќе биде виновен или не. Значи обвинителот треба да ги собере доказите за да му опстане обвинението со издржана одлука и во целата постапка не смее да биде над другата страна која исто така има свои права во постапката.

Во овие наши услови на докажување на поголема транспаретност во судските постапки се отиде малку подалеку, па се користат сите начини да се презентира исправното работење во својата постапка. Во таа смисла и медиумите имаат своја улога, бидејќи сакаат да го задоволат граѓанскиот интерес и на некој начин атакуваат и кон обвинителите и бранителите. Така понекогаш се случува бранителите и сведоците да кажат нешто што не е потребно да се каже за широката јавност, бидејќи се уште ништо не се знае каков ќе биде исходот од судењето.

Оцената во однос на прифакањето на доказите лежи на страната на судот, но во вакви ситуации јас би се осврнала на еден друг момент. Имаше случај кога имаше нешто излезено од Обвинителството. Што се направи во таа смисла? Не може да се прифати јавниот обвинител да вели дека немаат капацитет да гонат за тоа од каде протекол документот.

Говорејќи за случајот „Рекет“ и пресудите Коцо вели дека како дело, независно кои се тие личности во оваа ситуација, ако тоа е издржано, казната е во ред. Но прашањето е колку е тоа издржано, колку доказите што се изведени ќе бидат релевантни и доволни за да може судијат да го формира своето убедување. Секој судија во една постапка ги разгледува сите докази поединечно за да може да го формира своето слободно судиско убедување. Слободното судиско убедување не значи дека судијата може како ќе му текне таква одлука да си донесе. Одлуката мора да произлегува од доказите. Што значи во случајов, сите презентирани докази мора во доволна мера да бидат валидни и подобни за да може судијата да ја донесе таа одлука.

Целиот разговор со судијката Вера Коцо, поранешен врховен судија и член на Институтот за човекови права погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 16 =