Коцевски: Го наследив Велес со огромни долгови, работите одат кон подобро – ставам точка на градоначалникувањето, кандидатот кој ќе добие најголема поддршка во анкетите тој ќе биде и кандидат за градоначалник

You must need to login..!

Опис

Последните информации се дека пациентот на кој муи е дијагностициран индискиот сој на вирус уште од првиот ден кога е во болницата е во добра здравствена земја, што значи нема потреба да се преземаат било какви дополнителни мерки. Неговата сопруга нема симптоми, но не треба да се олабавувавме. Вршиме притоск врз централната власт. Успеавме д асе избориме во Велес да се отвори вакцинален пункт, со голем аподдршка од бизнис заедницата во градот. До сега во Велес се вакцинирани околу 11.000 граѓани. Во моментов се вакцинираат наставници од средните, утре од основните училишта и мојот апел е максимално да се искористи можноста да се вакцинираат како најдобра превентива од варијациите на вирусот. Од утре граѓанките и граѓаните тоа можат да го прават и без претходна најава, изјави во Утрински брифинг градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Говорејќи околу „Велешкото културно лето“, Коцевски вели дека кога се организирале „Рациновите средби“ целосно се почитувале препораките од КЗБ.

-Сите манифестации се органзираат согласно протоколите. За брзо време ќе почне и „Фестивалот на античка драма“ во Стоби. Препорачувам воопшто да не се опуштаме и сите да бидеме внимателни, затоа што според сите најави на експертите очекувано е наесен да имаме нов бран.

Локални избори

-Јас веќе ја известив јавноста дека нема да се кандидрам на претстојните локалните избори. Ова е мој трет градоначалнички мандат. Од лични, семејни и други причини одлучив да ставам точка на градоначалникувањето, да оставам простор и за другите заинтересирани, вели Коцевски.

-Во Велес работите се неизвесни. Дојде до промена на претседателот на ОО на СДСМ. Некои работи најверојатно ќе се одвиваат со позабавено темпо. До сега се утврдени листите на заинтересирани кандидати евидентирани од членството. Листата е сведена на тројца. Но според тоа што го знам ќе се прават внатрепартиски анкети, па потоа меѓу населението. Кандидатот кој ќе добие најголема поддршка во анкетите тој ќе биде и кандидат за градоначалник, вели Коцевски.

Интегралното интервју со градоначалникот Коцевски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + 1 =