март 30, 2020 8877 Нема коментари
You must need to login..!
Опис
Од минатиот петок сум во карантин, но благодарение на современата технологи може и да се работи од дома, изјави за Утрински брифинг, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Се обидуваме Велес да функционира колку што е тоа можно и се надевам дека тоа го правиме со успех. Постои вознемираност во градот. Моја желба до министерот е да се земат повеќе брисови и така би придонеле да се намали паниката и спречување на ширење на вирусот.
Морам да напоменам, дека во ниеден случај не смееме да ги стигматизираме заболените од вирусот. Треба да ги охрабриме и поддржиме што побрзо да се справат со вирусот, изјави Коцевски.