Коцевски: Доколку мерките не дадат ефект, треба да се размислува за карантин во одредени општини

You must need to login..!

Опис

-Одлучивме да ги почитуваме препораките на Владата. Работиме двосменски се со цел да не падне кондицијата кај вработените. Првата смена е од 7-12:30, пола час пауза, па почнува втората смена до 17:30. Размислувам за селективен пристап за ставање во карантин на одредени општини. Доколку мерките на Комисијата не дадат ефект, сметам дека ова треба да се направи.

-Јас не сум за целосен карантин туку да се ограничи движењето на луѓето, комбинирано со зголемување на нашата свест и совест. Треба да станат малцинство оние кои шират дека КОВИД-19 не е опасна болест, изјави за Утрински брифинг градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и додава дека со нашето неодговорно однесување ги доведуваме во опасност животите на нашите најблиски, на пријателите, на соработниците.

-Како град се трудиме да функционираме нормално, во оваа ненормална ситуација. Се обидуваме брзо да одговориме во поглед на странските инвестиции, кои и тоа какао се добредојдени, вели Коцевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − nine =