Коцевска: Треба да се зборува отворено за менструалната правда во нашето општество

You must need to login..!

Опис

Со цел да се отвори и продлабочи дискусијата за менструална хигиена, репродуктивно здравје и менструална правда во нашето општество, Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“ во партнерство со „Реактор“ – истражување во акција, започнаа ново истражување за различните аспекти на овој проблем. Прашалникот е наменет за сите полнолетни граѓанки и граѓани, кој ќе помогне во изработка на сеопфатна студија за менструална правда во Република С. Македонија.

„Целта на ова истражување кое го спроведуваме во рамки на проектот „Крај на менструална сиромаштија“ е да понудиме една сеопфатна слика, пред се’ да ја отвориме дискусијата за менструалната правда во јавната сфера, како и да одговориме на прашања од повеќе аспекти на оваа тема како што е достапноста до продукти, менструалните искуства и практики, потоа да понудиме увид во искуствата со првата менструација.

Исто така сакаме да согледаме аспекти кои предизвикуваат стигма и срам. Важно ни е повеќе да дознаеме како оние што имаат менструален циклус се справуваат со менструалните болки па до тоа какви услови за одржување на менструална хигиена тие имаат во домот, во училиштата, на работното место итн. Студијата се очекува да биде завршена во март идната година“, вели за Утрински брифинг, Јана Коцевска, од Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.

“ Таа потсети дека пред една недела Шкотска стана прва земја на светот во која средствата за менструална хигиена ќе бидат бесплатни за сите жени, откако пратениците во шкотскиот парламент го усвоија Законот за производи за менструација без провизија, а четиригодишната кампања за ова го започнале токму граѓанските организации заедно со Лабуристичката партија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + 1 =