Од : Ивана М. Лазаревиќ
You must need to login..!
Опис
По барањата упатени до Министерството за внатрешни работи, Платформата за родова еднаквост, побара од Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители конечно да го разрешат случајот Јавна соба и да овозможат заштита на жените жртви на родово-засновано насилство.

„Сметаме дека овие Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство се клучни да започнат со работа и конечно да започнат да се решаваат проблемите со кои се соочуваат жените жртви на сексуалното вознемирување, сајбер булинг и слично. Конкретно до Основното јавно обвинителство, вчера доставивме барање за кривичен прогон за сторителите на кривични дела и кон полнолетните жртви вло случајот „Јавна соба“, бидејќи знаеме дека голем број од жртвите кои се полнолетни се обратиле до инситуциите и биле одбиени со образложение дека законот не ги опфаќа и дека не можат да сторат ништо за полнолетните лица – што не е точно. Со непостапувањето за овие дела, во општеството се создава и една клима на нормализација на насилство врз жените. Ова го потврдуваат и истражувањата на организациите од Платформата за родова еднаквост кои се занимаваат со родовите политики. Насилството го среќавме секојдневно, почнувајќи од училиштата: во услови на пандемија сајбер булингот е многу позасилен, работното место на жените е исто така многу често место на сексистички напади, омаловажувања. А во пандемијата се зачестија и случаите на семејно насилство.

Полицијата не реагира навремено, или дури се обидува да ги помири двете страни што пак резултира со фемициди, чиј што број е доста висок во државата. Заклучокот е дека овие случаи се небитни, жртвите се обесхрабруваат да преземат акција. Пример за тоа е и случајот на полициската службеничка, која пред три години беше нападната при вршење на својата работа, за да потоа јавно се извинува за својата реакција“, вели за Утрински брифинг, Јана Коцевска, активистка за женски права од Платформата за родова еднаквост.

Таа додава дека и кај нас е присутно антиродовото движење коее глобално познато, а тоа се женски организации и жени кои поддржуваат антиженски политики.
Tags
Слични видеа
Ѓуровски за нон-пејперот: Обид за факторизација на Јанша како европски Трамп, Македонија мора да реагира поагресивно
Нон-пејперот на словенечниот премиер Јанез Јанша за прекројување на границите на Балканот предизвика низа реакции во регионот и стравувања д
Деспотовски: Три инвестиции потврдени во првите три месеци, има најави за уште 15 други наскоро
Стабилен број на работни места и покрај падовите со пандемијата и економската криза. Во првиот квартал, бројките покажуваат тренд на раст. Во
Николовски: Не се прекршени протоколите, пратеници имаат должност и обврска да му служат на народот
-Пратениците се народни избраници и се должни и обврзани целокупната своја работа да ја насочат кон потребите на граѓаните. И токму затоа прат
Димитрова: Се појавија интернет страници слични на „Јавна соба“
Платформата за родова еднаквост заедно со женски организации од Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, деновиве упатија заедничка
Стојмановски: Тешко дека ќе помине идејата за Супер Лига, клубовите ќе водат војна со своите фанови и со владите
Ковид кризата и влезот на америкаснкиот капитал во Премер Лигата се можеби клучни зошто сега е одлучено за формирање на Супер Лигата од 12 клуб
Андоновиќ: Рекорден број на распоредени руски војници долж границата со Украина – најава за упад или заплашување?
Според извештаите на западните разузнавачки служби Москва во мометнтов има распоредено над 150 илјади свои војници долж границата со Украина.
Угостителско-туристичкиот сектор денес на протест пред Министерство за финансии
Угостителско туристичкиот сектор денеска во 12 часот ќе протестира пред Министерството за финансии. Тие бараат да се сретнат со премиерот Зор
Јовановиќ: Целта на нон-пејперот е да се блокира проширување на ЕУ, идејата е излезена од кујната на десничарската „булумента“
Овој т.н нон-пејпер, колку што јас имам информации од западните медиуми, направен е во кабинетото на Јанша и предаден е на крајот на февруари ов
Попоски: Продолжува променливото време – дожд и грмежи, температурите до 18 степени
Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен вет
Утрински брифинг 20.04.2021
„Утрински брифинг“ е местото каде секој работен ден од 07:30-10:00 часот, низ динамична програма составена од актуелни информации, анализи и разг
Арсовски: Не сум сигурен за придобивките од спојувањето на промоторите и амбасадорите
Народот на Бугарија го кажа својот збор. Им претстои компликувани ситуации околу формирањето на идната влада, бидејќи ниту една партија не до
Георгиевска: Нервозата кај ВМРО – ДПМНЕ е поради погрешната стратегија
Ова не е прв пат пратеници позитивни на Ковид – 19 да бидат присутни во Собрание на седница каде што треба да го остварат своето право односно д