Котели: ДПИ постојано е на терен, нема простор за селективност

You must need to login..!

Опис

ДПИ постојано е на терен 24/7. Нашите инспектори немаат земено ни годишен одмор со цел запштита на населението од оваа пандемија. Во февруари имам 25 постапувања со затворање на угостителските објекти, па така тие се дел од Гостивар, Тетово, Скопје, Кичевво, Македонски брод, Струга, Прилеп, изјави во Утрински брифинг Александра Котели портпаролката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

ДПИ врши контрола на територијата на цела Македонија. Нашата бројка на инспектори е онаква каква што е, но го даваме својот максимум, и затоа бројката на затворени објекти и субјекти е толкава колкава што е, вели Котели.

Сакам да напоменам дека ДПУ не врши контрола врз физички лица, туку само врз правните субјекти. Мора да напоменам дека имаме разбирање и за работење после 21 часот, но во разумен рок и во смисла на чистење на објектот или спремање на персоналот за да си оди дома, но не во случај кога има псолужување на гостите со храна и пијалоци. Во случај кога имаме таква ситуација, вообичаено слушаме дека угостителските објекти не можат да се справат со гостите таму, има ситуации кога слушаме дека тоа е дел од персоналот, па тогаш бараме помош од МВР да ги легитимира лицата во објектот и да постапуваме согласно законските прописи.

Морам да напоменам дека ДПИ одговара за својата работа пред инспекцискиот Совет на дневно ниво, а така и пред Владата. Со самиот тој факт ние сме транспарентна институција која што постојано е на терен. Селективноста е исфрлена.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven + four =