Костов: Нацрт извештајот на УНЕСКО за Охрид ќе ги мобилизира сите надлежни, но потребни се реформи

You must need to login..!

Опис

Официјалниот извештај на УНЕСКО за состојбата на природното и културното богатство во Охридскиот регион ќе излезе откако и ние од наша страна, а и албанската страна ќе ги дадеме нашите забелешки и одговори, вели Ацо Костов, директор на Управата за заштита на културното наследство на Република Северна Македонија.

„Добро е што владата има чувство дека културното наследство станува значајно и дека веќе влегуваме во фаза на партнерски однос со УНЕСКО и со институциите задолжени за зачувување на културното наследство, а со овој нацрт извештај гледам и напредок заради тоа што институциите конечно меѓусебно ќе се поврзат, кадровски ќе се екипираат онаму каде што недостасуваат кадри, а кадри недостасуваат веќе 15 –тина години наназад, бидејќи не вработувале стручњаци од областа на заштитата. Сите стручни институции: конзерваторските центри, заводите и музеите се декапацитирани, тие немаат кадар, немаат доволно финансиски средства и дека се работи кампањски. Но она што е битно во овој момент е да станеме дел од партнерскиот однос со УНЕСКО и со забелешките од наша страна дека институционално се поврзуваме со албанската страна, се екипираме и дека понатаму ќе доживееме трансформација. Во извештајот се назначени важни работи за тоа како се конзервирало во охридскиот регион и планските документи и законските документи за градење кои ќе се усогласат ќе ни овозможат организационо подобро да дејствуваме како институции“, вели Костов за Утрински брифинг.

За бројот на дивоградби кои се назначени во извештајот на УНЕСКО како еден од поголемите проблеми во делот за заштита на културното богатство Костов вели дека Управата нема доволно информации како се случило да има толкав број на бесправно изградени објекти.

„Управата е дава решенија за легализација на обект. Но како институција немаме информација што точно се случувало. Некогаш заради немање на соодветна законска регулатива, урбанистичките планови и заштино – конзерваторски односи се во меѓусебна диспропорција и немаат јасно изразени правила како тоа да се направи. Во изминатиот период очигледно поголемо право им се давало на тие што се иматели на обектите. Најодговорни треба да бидат заводите во градовите затоа што тие најмногу ја знаат сликата на градот, односно на заштитената целина и тие се повикани да дадат мислење за тоа. Но, вина имаме сите“, додава Костов.

Според Костов, потребно е обучување на кадрите во многу области од заштитата, да се работи на подигање на свеста за значењето на културното наследство, како и реформи во самата заштита, особено во делот на дигитализација на податоците, но потребно е и конечно донесување на законот за заштита на културното наследство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen + five =