Костовски: Фудбалерите го дадоа срцето на теренот – максимална борбеност, честитки за она што го прикажаа и она што сакаат да го постигнат

You must need to login..!

Опис

Ѕирнувам има сонце. 13-ти е сепак среќен, постигнавме гол. Не сум разочаран, ми пречи оној трет гол. Да беше 2:1 ќе беше пореално. Но таков е фудбалот, кога сакаш од 2:1 да го претвориш во 2:2 се случува да примиш гол. Инаку, честитики за Горан Пандев, кој е длабоко влезен во истоијата на македонскиот фудбал, изјави во Утрински Брифинг, доајенот на македонското спортско новинарство, Атанас Костовски.

На големите светски, европски фудбалкски натпревари игра клупата, тоа значи играат сите 26 пријавени фудбалери. УЕФА сега дозволи да се менуваат и пет играчи можат да да се заменат. На клупата од сите 26 пријавени фудбалери, сите наши фудбалери чинат околу 46 милиони, додека Австријците 214 милиони. На австриската клупа седат 17 фудбалери кои седат на германското фудбалско првенство, што всушност значи дека таа Австрија е всушност решрезентација од Бундес лигата. Резервите ја донесоа победата, влегоа одморени, фудбалери по квалитет кои заслужуваат од самиот почеток, но тоа е тактика – кога ќе го изморите малку противникот, ќе влезете со нови, свежи, квалитетни сили и се случи тоа што се случи – победи расположливиот квалитет што го има Австрија, вели Костовски.

Нашите фудбалери го дадоа срцето на теренот – максимална борбеност, честитки за она што го прикажаа и она што сакаат да го постигнат, но мора да се признае дека квалитетот се мери со прикажаниот резултат.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 + 9 =