Костовски: Она што се случи во Дизелдорф е врв на сите желби на сите оние кои посакувале да играат, да навиваат и да го гледаат фудбалот

You must need to login..!

Опис

Денешниот ден е значаен во спортското живеење на планетата земја. 1896 година се одржаа првите олимписки игри. Инаку Телевизија СКопје1972 година започна да ги коментира Олимписките игри, жалам што последните 2016 година во Рио, нашите коментатори не беа на лице место. Оваа година се „ланските“ Олимписки игри – македонски коментатори мора да има во Токио, изјави во Утрински брифинг, спортскиот новинар Атанас Костовски.

Очигледно ништо не е случајно. Ако во составот на Ангеловски играат фудбалери од најсилните европски лиги, тоа значи дека веќе сме „прва лига“. Од оние 36 на неговиот список само тројца од нашата лига. Затоа за прв пат ќе играме на ЕП. Она што се случи во Дизелдорф е врв на сите желби на сите оние кои посакувале да играт, да навиваат и да го гледаат фудбалот. Ако имате во своите редови велемајстори како Пандев и ЕЛмас, со величина како Адеми, со позитивни работници во нашиот тим, шансата што се пружи на ова генерација се искористи максимално. Мислам дека овој резултат дојде како желба на сите нас и макотрпна, долгорочна работа на селекторот со изборот на репрезентација. Сум ги гледал и Пеле и Марадона, но оној гол пртотив Грузија – Елмас, Трајковски – Пандев, е врвно фудбалско остварување и таа акција засекогаш треба да остане во архивите на МТВ, вели Костовски.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + eleven =