Костовски: Без став и кооперативност, на дело гледаме игнорантско, арогантно и неодговорно однесување на опозицијата

You must need to login..!

Опис

Имавме дијаметрално спротивни ставови со опозицијата во нашата обврска да се донесе буџетот. Дефинитивно многу пати и на Комисиската расправа, па и на Собраниската расправа, потенциравме дека распределбата на буџетот е за заздравување на економијата од пандемијата, за спроведување на важните реформи поврзани со ЕУ. Опозицијата целиот овој период се однесуваше крајно неодговорно, арогантно и несогласно со тоа како треба да се однесува една опозиција во Законодавниот дом, изјави во Утрински брифинг пратеникот од редовите на СДСМ во Собранието на Република Северна Македонија, Мартин Костовски.

Вчера на дело се покажа некооперативноста и неодговорноста на опозицијата кога заминаа пред гласањето на буџетот. Нормално дека Собранието треба да биде синоним за демократија, но овде гледаме несериозност и неодговорност. Во време кога ковид-19 секаде коси низ светот опозицијата се однесува неодговорно. Одредени пратеници се обидуваат да го деградираат Собранието и прават циркус за граѓаните, вели Косотовски и додава дека сериозноста се гледа во моментите каде партиите треба да имаат цврст став за продолжувањето на континуираниот развој на државата.

Целиот разговор со пратеникот Костовски погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + three =