Костовска: „Редовно на часови“ проект насочен да овозможи еднаков пристап до образование за децата Роми

You must need to login..!

Опис

Со цел да се обезбеди инклузивна средина за учење каде ќе се почитува различноста и каде сите деца ќе се чувствуваат добредојдени и подеднакво стимулирани да успеат, Фондацијата „Отворено општество“ во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ и Здружението Центар за образовна поддршка „Дендо вас“, а со финансиска поддршка од Европската Унија во 2019 година започна да го спроведува проектот „Редовно на часови“ насочен да овозможи еднаков пристап до образование за децата Роми, но и да ги мотивира редовно да ја следат наставата.

Проектот завршува во октомври годинава а преку него само оваа учебна година беа обезбедени 596 стипендии за ученици Роми.

На прашањата поврзани со оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со раководителот на овој проект, Сунчица Костовска.

-Во текот на оваа учебна година обезбедивме стипендии на 596 дечиња од прво до четврто одделение кои учат во 73 училишта во 31 општина низ државата.

-Во изминативе две години исто така доделувавме стипендии. Првата ггодина само на првачиња, каде беа поддржани 282 првачиња. Втората година имамавме нов конкурс.

-До сега во овие три учебни години имаме доделено 1516 стипендии, така што специфично е она што тие се за ученици Роми кои доаѓаат од семејства приматели на социјална помош.

-Проектот дава максимални резултати и оваа поддршка се од особено значење, вели Костовска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 + 14 =