Костова: Локални избори за зачувување на власта или нова Влада – Заев ќе ја зајакнува лојаноста кон СДСМ и коалицијата, Мицкоски во потрага по кревко парламентарно мнозинство

You must need to login..!

Опис

Мислам дека во вториот круг се е можно… Победата во првиот круг е на ВМРО – ДПМНЕ и по бројот на гласови и по бројот на градоначалнички места. ВМРО победи благодарејќи на загубата на СДСМ. Не смееме да не забележиме и дека и ВМРО изгуби многу гласови, околу 50 илјади и сега мислам дека и тие треба да се запрашаат каде потфрлиле.

Ние не можеме да нагаѓаме, кој и да ги повика граѓаните, што тие ќе заокружат позади караванот. Тука е и битката меѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, мислам дека СДСМ погреши што не го поддржа Максим Димитриевски во Куманово.

Клучното сега е каде би оделе гласовите на зелените, по мое тие порано беа гласачи на СДСМ. Во вториот круг очекувам уште пониска излезност бидејќи дек од оние партии кои не успеаа да влезат можеби и нема ни да излезат да гласаат во вториот круг.

И на ДУИ и на СДСМ многу им е важна коалициската поддршка, но не може со сигурност да се типува што ќе се случува на денот на гласањето.

По локалните избори не се исклучуваат сите можности мегу кои и формирањето на ново парламентарно мнозинство. Тетово е многу важно и за двајцата коалициони партнери и за ДУИ и за БЕСА. Безмалку Тетово е главен град на албанските партии и им е многу важен… Секако дека по вториот круг ќе има разочарување.
Мислам дека од резултатот во Тетово ќе се предизвика одредено бранување.

Новото мнозинство е можно но и да се случи не очекувам тоа да биде големо и во тој случај ништо нема да се смени остануваме на истата позиција, вели за УБ новинарката и аналитичар за Фокус, Јадранка Костова.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 6 =