Костова: Заради пандемијата можно е во новите филмови да има помалку сцени со бакнување и гушкање

You must need to login..!

Опис

Изминатата година беше најтешка не само за филмскиот свет , туку и за светот воопшто, фестивалите не беа иземени од тоа. Многу светски филмски фестивали се одложија или се одржуваат во хибридна форма.

„Фестивалот во Ротердам е во уште потешка позиција бидејќи оваа година одбележува 50 години од постоењето и можете да замислите колку е страшно да не знаете до последен момент какви ќе бидат протоколите бидејќи се менуваат од ден во ден. Всушност наоѓањето филмови е најлесната работа, има стотици, дури илјадници филмови што се пријавуваат за овие големи фестивали, меѓутоа пострашно е да се најде форматот. На фестивалот во Ротердам филмовите се прикажуваат онлајн до 7 февруари, а во кино се надеваат дека ќе ги прикажат во јуни. Но фестивалот е таков што постојано наоѓа инвентивни начини за елекронска комуникација, така што успеваат да го направат настанот да биде жив и да постои комуникација меѓу луѓето која е всушност најважна. Затоа што еден фестивал не го чинат само филмовите, клучно е луѓето да се тука, да се дружат, да зборуваат за филмовите, да се сподели мисла. За мене лично беше откритие жирирањето на Фипресци онлјан, беше пријатно, но сепак, јас стара школа и мислам дека филмовите треба да се гледаат во кино.

Имав прилика во Ротердам да гледам интервју со Мадс Микелсен, кој сега снима во Холивуд и тој рече дека сега во филмовите ќе има помалку сцени на бакнување и гушкање“, вели за Утрински брифинг Марина Костова, новинарка и филмска критичарка.

„Кај нас веќе се снимија неколку филмови, претпоставувам дека филмската индустрија ќе изнајде креативни начини како да се снимаат филмовите, можеби нема да има сцени на блискост или тие ќе се решаваат на многу поинаков начин, продукциите ќе треба да одлучуваат како ќе го намалат ризикот од ширење на заразат, но тоа е уметност и верувам дека од ова ќе излезе нешто ново, интересно и убаво“, додава Костова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − fifteen =