Коста Петров: Идејата е важна, но поважна е нејзината имплементација

You must need to login..!

Опис

Се работи за повик за кофинансирани грантови, за грантови за технлошки развој за забрзан економски раст. Ова на еден начин е екстензија на повикот од април минатата година. Вредноста на тој повик беше три милиони евра, на овој шест милиони евра. Зголемена е и сумата за кофинансирање- за микро компаниите кофинансирањето е до 70% од вредност на проектот, но не повеќе од 2,5 милиони денари, за мали исто така до 70%, но не повеќе од 5 милиони денари, и за средни е до 60% кофинасирање, но не повеќе од 10 милиони денари.

Целта на овој повик за кофинасирани грантови е да им помогнеме на компаниите да се адпатираат на една нова економија. Факт е дека дигитализацијата, технолошкиот развој е клучен за развој на компаниите во постковид економијата, така што ова е еден наш придонес за адаптирање на компаниите за внесување на нови трендови, за дигитални репшенија, бидејќи кризата покажа дека мора брзо да се менуваме, за да бидеме компетентни кога ќе заврши кризата, изјави во Утрински брифинг, директорот на ФИТР, Коста Петров.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × five =