Костадинов: Потребите на граѓаните највеќе зависат и се во корелација со општината – ќе работам согласно барањата на струмичани

You must need to login..!

Опис

-Ние имавме можноста како струмичани да видиме што значи да се има локалната власт и да ја имаме на централна власт ВМРО-ДПМНЕ која во ниту еден момент не пушти ни еден денар. Се што се работеше во Струмица беше од основниот буџет на општина Струмица, изјави во Утрински брифинг Костадин Костадинов, кандидат за градоначаник на Струмица од редовите на СДСМ.

-Сега имаме можност да ја видиме симбиозата помеѓу локалната и централната власт. После 30 години се гради нова градинка, доградба на градинка. Согласно барањата на жителите од Муртино и Куклиш се преадаптирани старите општински згради и се направени нови детски градинки, додава Костадинов.

-Покрај градот Струмица, богатството на струмичани се и 24 населени места во општината и секако тоа е посебна одговорност за секој градоначалник и Совет. Приоритетите се знаат. Струмица генерално е инфраструктурно средена. Ни остануваат уште некои места каде што треба да правиме реконструкција, вели Костадинов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + 7 =