Костадинов: Барањето за интерпелацијата на Димитров е само продолжение на опструкциите кои ги прави ВМРО-ДПМНЕ

You must need to login..!

Опис

Барањето на ВМРО – ДПМНЕ за интерпелација на Никола Димитров не ме изненадува. Станува збор за уште еден неуспешен обид на декласирање на личности од страна на оваа партија.

Испуштија важни процеси во периодот на нашата ЕУ и НАТО интеграција, ги знаеме опструксиите кои ги правеа со преспанскиот договор, со договорот за добрососедство, па од тука ова е само уште еден неуспешен обид на ВМРО ДПМНЕ, изјави за Собраниски брифинг на Утрински брифинг пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов.

Во своето гостување во Утрински брифинг Костадинов посочи и за важноста за актуелизирање на проблемот „Јавна Соба“. Беше запрашан за своите ставови, но и законските измени предложени од Министерството за правда во Кривичниот законик.

-Јас пред се како човек морам да истакнам дека сум згрозен од ова што се случува во општеството. Секако, дека има потреба од измени во Кривичниот законик, и преку транспарентен процес сите пратеници ќе ги прифатиме сите измени во име на крај за ваквата злоупотреба. Јас верувам и ве уверувам дека никој нема да има против едно вакво законско решение“, истакна Костадинов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − nine =